Овие слики изгледаат како оштри, елегантни фотографии, меѓутоа во реалноста, секоја од овие слики е масло на платно, создадени од страна на сликарката Anna Halldin Maule. Taa создава неверојатно детални и убави женски портрети.


Уметницата соработува со нејзиниот сопруг Tom Maulen, а сите слики се базирани на фотографии на кои тој  снимил професионални модели, а потоа Ана избира фотографии кои и служат како инспирација.

Жените денес ги напаѓаат медиумите кои диктираат како би требало да изгледаат и што треба да мислат!

Серијата на слики PERSONA, ги истражува “маските” кои денес ги носат жените во потрага за откривање на нивниот идентитет и женственост, како  и убавината која е подложна на материјални добра. На едно ниво нејзините беспрекорно изведени дела ја слават убавината и гламурот, но од друга страна, ја  одразуваат женската колективна опсесија со модата и изгледот, истражувајќи ги “маските” кои ги носат – дефинирајќи се според  денешните стандарди на убавина.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНов бран креативци – освежување на македонската мода
Следна објаваКампања со најубави фотографии!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР