По неколку месеци изнајмување на вила во Kalorama, поранешниот претседател на САД и неговото семејство си купија сопствена куќа.

Цената на оваа куќа била 8,1 милиони долари. Иако тоа не е навистина некоја нова вест, бидејќи веднаш по изборот на Доналд Трамп се знаеше дека Обама планира да се пресели во Kaloramа, мораме да признаеме дека на некој начин очекувавме малку поинаков избор од поранешното прво семејство на САД.

Nova kuća porodice Obama

Од Белата куќа до куќа со тули, Барак Обама и неговото семејство и официјално станаа дел од регионот Kalorama Heights. Од јануари оваа година, тие го изнајмуваа овој дом по цена од 20.000 $ месечно. Од пред неколку дена, оваа вила официјално е нивна сопственост.

Со девет спални соби, осум бањи и во непосредна близина до средното училиште каде учи најмладата ќерка Саша Обама, оваа куќа им нуди се што им е потребно за удобен живот.

Куќата била изградена во 1928 година, а потоа подложена на обемно реновирање во 2011 година. Со бели и сиви мермерни површини, како и високо-квалитетни дрвени подови, оваа куќа изгледа како нова!

Исто така, има некои елементи кои се достојни на поранешниот претседател, новиот сопственик.  Дворот е доволно голем и во него може да се паркираат 10 автомобили, како и огромнен гардеробер од подот до таванот, што сигурно и се допаѓа на поранешната прва дама.

Ние сме сигурни дека тие на оваа куќа ќе и дадат свој личен печат и веруваме дека совршено и среќно ќе живеат во овој топол дом.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваViktor&Rolf – колекција на венчаници 2018!
Следна објаваСелена Гомез ја продава својата величенствена вила!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР