Изграден во 1990 година за еден колекционер на уметнички дела, Skycastle и самиот изгледа како уметничко дело.

Овој прекрасен посед го креираше Дејвид Лоренс Греј, а се наоѓа во привилегираниот дел на Холивуд Хилс, каде што со своите 1.200 м2, девет спални соби и фантсатичните отворени простори, го опива секој посетител.

Џед Либер, познатиот музичар кој има освоено бројни награди, го купи овој модерен замок во 2012 година и му даде свој личен печат. На пример, на самиот посед постоеше одвоена куќа за гости со две спални соби, а тој ја претвори во музичко студио.

Овој модерен замок има високи тавани, масивни стаклени прозори и грандиозен влез низ кој  влегува доволно природна светлина во неговата внатрешност.

Самите соби се доста пространи, а ги краси една фина мешавина од камен, бетон и челик, која ви го одзема здивот.

Шлаг на тортата е погледот кој оваа локација го нуди – тоа е она за што сите мечтаеме.

Оваа вила чини 50 милиони долари.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваSolar Egg – место за средби во удобна и топла средина!
Следна објаваНајспектакуларни фонтани на светот!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР