Постои бесконечен спектар на тирании и дистопии, но сите тие имаат една особина: жестока опозиција на слободната мисла, на отворениот ум и пристапот до информации. Онаму каде луѓето се слободни да учат, да споделат и да истражуваат, да чувствуваат и сонуваат, таму слободата расте.

Ова е причината зошто библиотеките се толку важни. Тоа е демократска промена и ослободувачка сила како никоја друга. Библиотеката поттикнува ново размислување во неочекувани насоки. Таа нуди поддршка за имигрантите, студентите, за сите оние со добро развиена љубопитност или длабока потреба за заедница. Тоа е место за умовите да сретнат умови, а срцата да придвижат други срца.

Тоа не е случајно, и токму затоа, дека не постојат јавни библиотеки во дистопијата за којашто пишувам во „Приказна за робинката“.

Со цел да се напредува, голем град како Њујорк мора да има голем библио-систем.

Без поддршка од градоначалникот и градскиот совет, библиотеките во Њујорк не можат да ги исполнат преголемите потреби на милионите Њујорчани кои се потпираат на истите. Работното време не може да се прошири, библиотеките не се во можност да ги пружат своите услуги седум дена во неделата и итните поправки не може да бидат завршени.

Њујорчани заслужуваат подобро. Тие заслужуваат зголемени работни часови, дополнителни услуги, како и систем на библиотеката од светски ранг кој ги задоволува потребите на сите жители. Сето ова е на дофат, но само доколку лидерите на градот го слушнат ова од њујорчаните како Вас.

Оваа инвестиција претставува заложба за сето она што го прави овој град толку посебен. Јавната библиотека на Њујорк е сечиј симбол на добредојде и отвореност онолку колку што е Статуата на слободата. Библиотеката ја покажува големината на градот онолку колку што се челичните и стаклените кули над градот и ги поврзува њујорчани онолку силно колку што возовите итаат низ градот.

Бев почестена со изборот на Јавната библиотека на Њујорк како Library Lion во 2014 година и мојата работа беше призната од страна на оваа институција, што има преголемо значење за мене. И јас сега ги повикувам првите луѓе на градот да инвестираат во библиотеките и барам од Вас да го сторите истото. Придружете ми се.

Ви благодариме што сте на страната на библиотеките, на отворените умови, за слободниот и непречен пристап до информации. Ова е важно за многумина.

Маргарет Атвуд,
автор и Library Lion
– гостинска статија во New York Public Library

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР