Одбив со себе да го понесам клучот од куќата. Немам потреба од таков спомен. Тоа би значело секојдневно потсетување на лажната припадност. Да беше онаа вистинската, немаше да трагам по островот, туку ќе си останев таму од каде што побегнав. Поточно, заминав.
~ извадок од „Годините кога научив да летам“ – Евгениј Хоуп

Кога едно несекојдневно, а сепак од дамнина познато искуство – со младешки дух, со непоколеблива храброст и паралелни елементи на опасност и авантура вродува со плод, тогаш мора да станува збор за вистинско ремек дело.  Имено, автостоперското патување на Милош Димковски, кој пишува под името Евгениј Хоуп (и притоа не сака да го врзуваат истото со надежта, затоа што е премногу клише) и кој на книжевната сцена ѝ е веќе познат со романот „Парада на марионетките“ започна сосема спонтано, а прерасна во една неверојатна хипотеза за уште поневеројатен роман. „Годините кога научив да летам“ е приказна за Михаил и неговата потрага по островот, за која што авторот вели „да не беа автостоп патувањата никогаш не би напишал слична приказна“… со нетрпение ја очекуваме промоцијата на романот, закажана за 22 јуни 2017 година, во издание на клуб Матица.

Се гледаме на Булеварот на книгите!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР