Екстравагантноста е секогаш модерна…
Инспирирани од духот на ирскиот писател и севкупната книжевна и историска драма околу неговото творештво и постоење, барот во Њујорк кој го носи името на Оскар Валјд оддава почит на неговата плодна приказна. Навраќање на викторијанската ера со сиот нејзин гламур – како и самиот Валјд, тимот позади овој бар (прв од својот вид, посветен на маркантниот автор) верува дека животот треба да се живее и надвор од неговите граници, со еден допир на софистициран разврат… зошто да се испушти сета таа забава?

Во прилог, погледнете неколку фотографии од ентериерот, додека отворањето е закажано 16ти август. Повеќе информации и фотографии може да видите на нивниот facebookinstagramtwitter профил.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајпаметни чевли на светот!
Следна објаваЗеведувачка кампања на Paco Rabanne !
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР