Уште 11 дена не делат од почетокот на најпозитивниот македонски фестивал- Баскерфест. Во 2006 година, Македонија стана прва земја на Балканот со ваков вид на фестивал, а оттогаш 12 години по ред шири насмевки низ Скопје и целата држава.

И оваа година, фестивалот ќе има уникатен концепт и десет дена исполнети со мултикултурни настани и атракции под отворено небо,кои навечер центарот на Скопје ќе го претворат во „Street Art” локација со забава за сите генерации.

На градскиот плоштад „Македонија“ од 16 јуни до 25 јуни ќе бидат поставени три стејџа каде што ќе се одвива програмата на фестивалот секојдневно од 19:00- 23:00

Ќе има и детско катче за најмалите, каде што децата ќе може да се вклучат во различни забавни активности секојдневно од 18:30- 20:00, а музичката програма пак ќе биде секој ден од 22:00- 01:00. Во склоп на Баскерфест ќе има и пивска градина каде што посетителите ќе може да се освежат во топлите летни денови.

За престојниот Баскерфест се најавени многу интересни артисти од целиот свет меѓу кои Барбароса, Пеперониус, Винил Брнс, Јаника Белиза, Хозе Енрикес…

Баскерфест 2017- Позитивни вибрации во градот! 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваAlexander McQueen – модна колекција есен 2017!
Следна објаваИзложба “Cоживот на модата и природата како вечна инспирација”!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР