Оваа есен (2017), новата атракција на Барцелона, Casa Vicens, која беше првиот проект на шпанскиот архитект Антонио Гауди, ќе ги отвори своите врати за посетителите.

Оваа куќа со фасада кои многумина ја сметаат за кич, балкони и прозори украсени со шарени плочки и цигли, е изградена за две години 1883-1885, по нарачка на богатиот брокер на недвижнини Мануел Висенс, како летна резиденција.

Куќата која до сега беше приватна сопственост, беше затворена за јавноста. Во 1920 година беше поделена на три стана, а оваа есен Casa Vicens ќе се отвори како музеј, откако е реставрирана од страна на архитектите Јосе Антониа Мартинез Непал и Елиас Торес.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваWaterline Square – нови стаклени облакодери во Њујорк!
Следна објаваParamount го отвори првиот супер луксузен хотел!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР