Од планинските предели на Перу до зелените пејзажи на Ирска. Овие четири возови ќе ве однесат на најромантичните и најелегантните патувања во светот.

Шики-Шима, Јапонија

Брзиот Shinkansen воз во Јапонија, постави висок стандард на луксузен воз. Традицијата и технологија пронашле совршена комбинација на хармонија во овој воз. Патничките вагони на два спрата вклучуваат апартмани со татами подови и традиционални садови од кедар. Во исто време, металниот воз е елегантенa репрезентација на мирните јапонски шуми, кој ќе ве однесе на топлите извори на вода во старите храмови и палати на источната страна на Јапонија.

BELMOND GRAND Хибернијан, Ирска
Големети куќи во ирски стил беа инспирација за вагоните на возот Гранд Хибернијан. Иако со возењето почна минатата година, ова декадентно патување нуди гламур кој доаѓа директно од минатото. Секој вагон е наречен по една ирска провинција и е украсен со специфични ирски фолклорни и традиционални дизајни. Повеќе од дваесет патнички кабини се украсени со збирка на оригинални уметнички дела, масла на платно, акварели и фотографии, а возот има и два вагони, кои служат како ресторани. Во понудата има и забавен дел на програма во живо, во оваа тура од два до четири дена, со постојки во Даблин и Белфаст и неверојатен поглед на ирскиот пејсаж.

Ровос железница, Јужна Африка
Замислете стари дрвени вагони кои поминуваат по најдраматичните патишта на африканскиот континент. Токму тоа е специјалноста на Ровос во Јужна Африка. Возовите тргнуваат од приватна железничка станица која се простира на 60 хектари во Преторија, а станицата во својата понуда има на располагање и музеј. На патувањата што траат од две до петнаесет ноќевања, можете да го посетите Дар ес Салам во Танзанија, со постојки кои вклучуваат голф, лозја, пустината Калахари и прекрасните водопади Викторија. Возот собира до 72 патника и нуди луксуз во движење.

Белмонд – Анди – Перу

Овој воз на своето прво патување започнал во овој месец, а патувал низ некои од највисоките врвови во светот. Возот нуди можност за посета на планините меѓу Перу и Куско, езерото Титикака и градот Арекипа, кој е на листата на светското наследство на УНЕСКО. Екскурзиите вклучуваат разглед на градот, патување со брод, ручек на истоимениот остров на најголемото езеро во Јужна Америка и можност да се видат нај мистериозните, повеќе од 8000 години стари цртежи, во пештерата Смабеј. Возот има отворена палуба за гледање на пејзажот, како и екстравагантен салон со пијано и бар кој е специјализиран за Писко, кисел коктел.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСе продадоа најскапите обетки на светот!
Следна објаваХотел во Кејптаун за љубителите на уметноста!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР