ОВЕН

Работа – Мислите дека сите работи можете сами да ги завршите. Да, тоа е точно, но, така не мислат и тие кои се околу вас. Ви се дава можност да се докажете преку работата која бара познавање на техники. Планетата Меркур која моментално има движење кон назад, ви овозможува да завршите со некои важни документи, кои до сега не бевте во можност да го сторите тоа.

Љубов – Имате чувство дека сега не сте заинтересирани за љубов, ниту обврзувачки. Сега за вас од суштинско значење е кариерата, не сакате да се наруши деловната енергија заради емоциите кои можеби и не се вистински по вашите критериуми.

Здравје – Внимавајте на ‘рбетот.

БИК

Работа – Мислите дека емоционално сте повредени и тоа чувство го канализирате преку љубовта и бракот, како и преку работата. Некои од колегите ви работата зад грб. Се однесуваат арогантно, така што тоа многу ви пречи. Периодот преку викендот може да биде многу динамичен и работен, особено за оние бикови кои работат во големи компании. Финансиски ќе се најде решение за натамошниот тек на животот. Некои бикови може да имаат проблем со адвокати.

Љубов – Ако сте во врска со шкорпија, тогаш ќе бидете под притисок и постојан надзор. Не сте задоволни со ова однесување на сканата личност, затоа што тоа ви изгледа како да сте во “затвор”.

Здравје – Чувствителни се синусите или дишните патишта.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Проблеми на работа ви прави една Шкорпија. Иако е познато дека како тандем сте добри, овој пат, таа малку избрза и ја допре слободата на еден Близнак, што значи дека ќе дојде до судир. Обидете се да ја проголтате оваа ситуација, за да продолжи соработката, зошто и понатака ќе ви треба. Таму каде што сте вие брзоплети, таму ви помага остроумната Шкорпија. Тоа немојте никако да го заборавите.

Љубов – Додека имате деловни проблеми, љубовта не ви оди. Сакате по секоја цена врска и љубов со Водолија, таа ви е сега голема страст.

Здравје – Внимавајте на мускулите на раката.

РАК

Работа – Ве мачат финансиите. Трошите таму каде што не треба. Можеби ќе инвестирате во нов проект кој нема да биде добар. Попрво ќе изгубите одколку да даобиете. Морате да се грижите за соработниците во ова време, кога е можно лесно да ги изгубите.

Љубов – Партнерот со кој живеете е често уморен. Не е здравствен проблем, туку досада. Направете нешто за да го заинтригирате  саканиот партнер.

Здравје – Излезете малку од дома, одморете од телевизијата, нема ништо посебно на програмите.

ЛАВ

Работа – Можни проблеми со куќата или во приватниот бизнис. Пазете се од лажни зборови. Многумина сакаат да ве измамат, бидејќи се љубоморни на вашата харизма и способност да завршите се што е потребно. Подалеку од луѓето кои ви нудат брз профит. Вистина, тоа ве привлекува, но не е време за да си поигрувате со кариерата на така ефтин начин.

Љубов – Партнерот со кого сте долго време во врска, се обидува да се смири за да останете во добри односи. Понекогаш сте премногу нежни, но понекогаш се трансформирате во немилосрден тиранин. Ниту едната, ниту другата страна на вашиот карактер не можат да ја задржат исконската љубов.

Здравје – Чувствителни жлезди.

ДЕВИЦА

Работа – Вашиот владетел Меркур е ретрограден и не е време да се прават било какви промени. Чувајте ги документите, личните и деловните. Може да се судрите со загуба или кражба. Сепак помеѓу Девиците постојат и тие кои ќе успеат да направат нова деловна зделка во врска со новинарството или образованието, особено на младите луѓе.

Љубов – Ако сте во брак, тогаш имате партнер за пример. Тоа е вашата подршка без која не би можеле да живеете ни еден ден или час. Ако партнерот е во знакот Бик, тоа значи дека ќе сте вечни партнери.

Здравје – Слабата циркулација може да предизвика болка во рацете или главата.

ВАГА

Работа- Доколку имате соработка со преставници на знакот на Лав или Стрелец, можете да очекувате добра заработка, но внимавајте во прекумерното трошење на пари.

Љубов- Слободните преставници на знакот може да освојат еден Рак, секако ако малку се потрудат.

Здравје-Ќе бидете во одлична форма.

ШКОРПИЈА

Работа -Поволен пероид за сите Шкорпии кои се подготвени да напредуваат во својата кариера. Ќе бидете полни со енергија и оптимистички расположени.

Љубов – Поради некој немил настан кј се случил во минатото ќе имате проблем да гледате оптимистички на иднината.

Здравје – Можни проблеми со бубрезите.

СТРЕЛЕЦ

Работа -Не сте спремни да го промените својот став во односот со вашите соработници, но препорака на планетите e да се обидете да направите баланс. Успешна соработка со странци.

Љубов -Слободните стрелци ги очекува  емотивен период на љубовно поле додека на зафатените им се препорачува повеќе одмор и помалку критики насочени кон партнерот.

Здравје – Повеќе одмор.

ЈАРЕЦ

Работа -Ако се занимавате со приватен бизнис , ве очекува многу успешен период особено ако се работи за промоција на некој производ или нов изум. Женските преставници на знакот ги очекува унапредување на работното место.

Љубов – Ако сте во врска со некој претставник на знакот Риби, ќе мора да одлучите дали ќе останете во врска или ќе го продолжите по својот пат сами.

Здравје -Проблеми со циркулацијата.

ВОДОЛИЈА

Работа  -Работата која ја работите ќе бара до вас максимален ангажман. Не поднесувате кога соработниците околу вас се бавни и неодлучни, затоа ќе бидете принудени да работите сами.

Љубов – Ако сте во врска со Овен, нема да можете ни со него ни без него. Ќе мора да се одлучите.

Здравје – Ќе чувствувате болки во ‘рбетот.

РИБИ

Работа -Ќе остварите успешна соработка со личност во знакот на Рак. Ќе бидете горди на себе си со финасиската добивка која што ќе ја остварите во наредниот период.

Љубов -Премногу се грижите за небитни ситници во односот со партнерот, опуштете се.

Здравје -Хормонален дисбаланс.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваRoberto Fanari | Надреални скулптури од железна жица
Следна објаваMiu Miu – ода на женското пријателство!
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Нејзина омилена изрека е "Смејте се, ништо не е повредно од насмевката".

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР