Глобалниот бренд за минерална вода Евиан заедно со агенцијата BETC ја продолжува маркетинг кампањата со бебиња во главната улога. Овојпат, бебињата се облечени во преголема облека во која ги претставуваат, меѓу другите, и светските спортски ѕвезди како Стан Вавринка, Марија Шарапова, Медисон Кис и др. кои се симбол за здрав живот и хидратација. Кампањата наречена Evian Live Young #evianOversize е дело на маркетинг директорот на брендот Патриша Олива. Главниот медиум на кој ќе се претставува оваа рекламна кампања е Снепчет и останатите социјални медиуми кои во последно време имаат предност пред рекламите на телевизиските екрани. Погледнете дел од фотографиите од кампањата во продолжение.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕтно дизајн со скандинавска едноставност!
Следна објаваВистински луксуз за љубителите на раскошот!
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР