Во почетокот на XVII век централна Европа влегува во период на заострени меѓу друштвени односи како и класни судири. Поради ова настанале тогашните Реформациски и контрареформациски односи. Судирите главно биле помеѓу тогашната  капиталистичка фела која била во подем и веќе постоечкиот феудален систем.

Триесегодишната војна(1618-1684) во која француските династии сакале да ја превземат власта на Европскиот континент и да остварат превласт врз династијата  Хабсбург, која во тоа време владеела со Шпанија, Холандија и Австрија. Со Вестфалскиот договор и формално војната била завршена. Холандија била прва од земјите што се изборила за слобода. Сето ова политичко превирање влијаело и врз уметноста.

Ова е периодот на раѓањето на барокот како стил во уметноста. Се развил од неговите претходници односно од ренесансата и маниризмот. Траел од 1600 година па се до 1789 кога  и се случила француската револуција. Зборот “Baroque”-(Barocco) води потекло од португалскиот збор кој што значи бисер со неправилен облик. Подоцна зборот добива една нова димензија означувајќи нешто чудно но и во исто време гротескно. Овој нов правец во уметноста во целост се спротивставувал со општо а прифатените ликовни облици. За прв пат  кога се појавил поимот се примаенувал исклучиво на оние уметнички појави кои исклучиви била во склад со тогашната класицистичка естетика.

Несомнено една од најзначајните фигури на овој уметнички правец е холандскиот сликар Johanes Vermeer. Роден е во Delft на 31.10.1632 година. За неговиот личен живот не се знае многу и се уште со точност не се знае кој влијаел на него во врска со уметноста. Се претпоставува дека негов учител бил Karel Fabricius кој пак своевремено бил ученик на големиот Rembrant.

Во 1653 година тој се жени со Catherine Bolnes, за која многу сметале дека била негова голема инспирација за повеќето дела кои ги создал како на пример една од нив е и “Млекарката”.

За време на своето творештво тој создал околу 40тина слики. Заработил повеќе продавајќи туѓи дела отколу свои. Сликал за тогашните богати клиенти кои се воодушевувале од неговите дела а и го наследил бизнисот на својот татко работејќи со продавање на недвижности.

Меѓу најзначајните негови дела се “Алегоријата на уметноста”, “Поглед на Delft”, како и “Девојката со бисерната обетка”. Во својата рана творечка фаза тој повеќе црта историски призори а како инспирација  за ова му биле неговите патувања во Amsterdam и Utrecht, и сето тоа по примерот на големиот Caravaggio.

При создавање на на своите дела тој ја користел техниката (Pointille). Историчарите на уметноста сметале дека Vermeer користел (Camera opscura) за прецизно да ги позиционира објектите во просторот. До овој заклучок се дошло со перцепција на извесни оптички диспропорции во неговите дела.

Интересен е фактот дека тој го користел и драгиот камен (Lapis Lazuli) од кој се добива прекрасна плава боја наречена Ultramarine.

Карактеристика на подоцнежните дела на овој сликар е тоа што тој го доведувал посматрачот гледајќи го делото да открие одредена тајна. Бил мајстор и во сликање на ентериери и материјализација на одредени предмети кои имаат одредена симболика.

Најчестимотиви во делата се музичките инструменти, виното и жените  и сите поврзани на некој негов посебен начин. Извор на светлина е прозор кој секогаш е пставен од левата страна а кој открива една реалистична светлост.

Некаде кон средината на XIX се повеќе се зголемува интересот за делата на овој голем сликар. Teofil Burger-Tor ќе рече во една прилика, кај Vermeer не постои вештачка светлина таа е толку прецизна и природна што ни е еден физичар не би можел да најде ниедна грешка.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР