Англискиот бренд de Gournay никогаш ги нема разочарано љубителите на внатрешното уредување и сите оние кои го сакаат дизајнот и убавите работи.

Фантастично убавата колекција на sидни тапети која е резултат на соработката со калифорнискиот дизајнер Ken Falkom, прикажува егзотична зоолошка градина во која се наоѓаат жирафи, мечки, пингвини, зебри, тигрови, папагали, маајмуни и фламинга.

Едноставно, ни се чини како да сите тие, избегале од некоја зоолошка градина во Централ Парк и се доселиле во прекрасната градина на еден стан во Њујорк, кој е сопственост на некој, кој припаѓал на градската елита околу 60 -тите години на минатиот век.

Мотивите на градините се добро познати од предходните колкекции L’Eden и English Landscapes, меѓутоа новата соработка ве остава без здив.

Калифорнискиот дизајнер насликал 50 различни слики, а на секоја од нив има потрошено околу 150 работни часови. Колекцијата е направена во стилот на европските панорамски тапети од 19. век, со внимателно изработени детали.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеверојатни 60.000 долари за шише вода!
Следна објаваПрекрасни Minnie Mouse сандали!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР