Tiziano Vecellio е несомнено најважната и највлијателна фигура во уметноста на преминот од ренесансата во барок. Бил основач на прочуената Венецијанска школа, а автор е на голем број на слики во кои претежно се прикажани животот и обичаите кои владееле во тоа време во Венеција. 

Несомнено едно од неговите најпознати дела е ремек-делото “La Bella” или “Дамата во син фустан” која била создадена во 1536 година.

Делото е класичен портрет на преубава жена облечена во раскошен фустан кој е украсен со декоратвни елементи како што се драги камења и златен вез. На вратот носи златен ланец кој уште повеќе ја акцентира нејзината елегантност. Интересно е да се спомене дека преубавата сина боја на фустанот е добиена со брусење на скапоцениот камен (Lapis Lazuli).

Тицијан на оваа слика ја прикажува идеалната убавина на една жена проткаена со мала доза на еротика.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР