Во периодот од февруари до мај 2017 година, беше отворен конкурсот за стипендии за Академијата за Дизајн при Семос Едукација, каде идните дизајнери имаа можност да освојат целосна стипендија во вредност од 2.450 евра, делумна стипендија во вредност од 1.000 евра, или за секоја од програмите на Академијата за дизајн (графички и веб дизајн)по 3.450 евра.

Академијата за графички дизајнго заврши првичниот процес на селекција исеподготвува  приемен испит за учебната 2017/2018,кој ќе се одржи на 16.05.2017 (вторник), сè со цел да се елиминира уште еден круг на апликанти, од кои понатаму ќе се изберат стипендистите.

Академијата за веб дизајн го пролонгира дадениот рок за аплицирање за стипендија, а сите оние кои претендираат да станат стипендисти на оваа значајна гранка во веб индустријата, потребно е да испратат апликација, која всушност ќе биде регистрација за приемен испит кој ќе се одржи на 30.05.2017.

Сите потенцијални апликанти за стипендија навеб дизајнна ќе бидат дел од единствениот Центар за регрутација на Семос Едукација кој е тесно поврзан со бизнис заедницата, графичката индустрија и мултимедија. А самиот веб дизајн претставува основа, односно процес на концептуализација, планирање и градење на комуникацијасокрајнитекорисницикојаводенешно време е нешто што е најопходно за онлајн идентитет. Самиот приемен испит понатаму е единствена можност за едукација на Академијата за веб дизајн. Оние кои нема да влезат во тесниот круг, ќе можат да го искористат попустот за рана уплата.”. – изјави Ангелина Канчевска – раководител на Академијата за Дизајн

За кандидатите поблиску да се запознаат со образовните програми развиени и усогласени според потребите кои ги диктира пазарот за стекнување на уметничко, креативно и практично знаење во насока на визуелно изразување и концептуално решавање на графичките и веб предизвици, ќе биде организиран ОТВОРЕН ДЕН на 17.05.2017 во просториите на Семос Едукација.

Доделувањето на стипендиите ќе се одржи за време на завршната изложба на студентите од учебната 2016/2017 на 8 јуни во Културно информативниот центар со почеток во 20.00 часот. Влезот е слободен за сите љубители на модерниот дизајн.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПогледнете како изгледа најскапата куќа во Беверли Хилс
Следна објаваTiziano Veccelio | La Bella
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР