“Мојот најголем сон е еден ден да го напуштам Париз. Знам дека со секој нов ден мојот углед како уметник е во постојан подем, но и покрај тоа јас живеам многу бедно и покрај другото најголемата пречка ми претставува да се справам со урбаниот хаос кој владее во овој град кој воедно ја уништува мојата креативна енергија и затоа наскоро заминувам. Заминувам за Панама, заедно со моите бои и четкички, далеку од сето ова”.( Извадок од писмото кој познатиот сликар и го оставил на својата сопруга пред своето заминување во 1887 година).

Гоген со овие зборови кои несомнено потекнувале од длабочината на неговата душа ја известува својата сакана сопруга (Metti-Sophie) дека кај него постои огромна и нескротлива желба за заминување што подалеку од цивилизацијата.

Слично како што бил случајот со Paul Sezanne  и Van Gogh и Гоген ги чувствувал “стегите” на импресионизмот а посебно на академизмот. За него најлошо било тоа што неможел слободно да се изрази на платното односно да го прикаже своето лично видување на природата. Горе споменатите претставници на импресионизмот не сакале повеќе да бидат еден вид на “орудие” кои автоматски ја бележи визуелната сензација. Тие се стремеле во своите дела да внесат нови методи на еден своевиден ликовен израз, а со една единствена цел а тоа е да ги изразат своите лични доживувања на светот.

Гоген, лично чувствувал огромна стега во условите во кои творел и кои владееле во општеството. Неможејќи повеќе да ја издржи таа ситуација тој заминува за Панама во 1887 година. Ова негово прво патување ќе ги забележи и првите негови умеетнички дела т.н “Егзотични експерименти” со одредиште во Мартиник.

Со неговиот престој во оваа егзотична земја тојнесомнено ги срушил сите табуа кои владееле во европската уметност. Инаку зорот табу потекнува од маорскиот јазик  кој пак припаѓа на тахитиската подгрупа на полинезиските јазици. Гоген целосно ќе се посвети на нивно проучување.

Во втората половина на XIX век како еден вид на продолжение на класицизмот се развива еден сосема нов стил во европската уметност, а тоа е Академизмот. Овој стил своите извори на инспирација ги црпи од митологијата и ренесансата. Се бирале теми главно од митологијатаи историјата, а во истовреме се комбинирале со елементи на мртва природа и пејсаж. Најголем престиж зза еден уметник во тоа време бил да ги изложи своите дела во салон.

Салон била академска изложба која се одржувала секоја година во Париз во Аполоновиот салон во музејот Лувр.

Меѓутоа во 1874 година на сцената се појавуваат т.н противници на академизмот, посебно од редовите на тогашната авангарда, почнувајќи од преставниците наимпресионизмот, постимпресионизмот и симболизмот.

Како еден од најголемите “бунтовници” се појавува името на Гоген. Тој  го сметал академизмот за реакциона уметност која ги кочи сите креативни процеси на создавање. Се противел на конзервативното мислењево уметноста, воопшто.

Решавајќи да живее ии твори на Мартиниккој го сметал за “рај на земјата”, тој покрај сликањето бил принуден да работи и физичка работа што до таа мера ќе го истошти па ќе биде принуден да се врати во Европа. Во тие години се случува и неговата прва самостојна изложба и се тоа реализирано со помош на тогашниот познат галерист Диран Риели.

Реакциите после изложбата на тогашната уметничка критика не биле баш позитивни. Критичарите на уметноста барале посебно да се образложат неговите дела и било барано нивно детално објаснување. Некои дури сметале дека тие се добри за детска изложба и можат да им бидат интересни само на најмладата публика. Но, Гоген не се базирал многу на критиките но секако останал зачуден како моеже париската буржоазија да нарекува нешто по грешка направено кога тоа е создадено од најдлабокото промислување и логичка дедукција кои тој ги црпел од суштината на своето битие, а не од материјалистики теории.

Со овој великан на сликарството всушност почнуваат зачетоците на модерниот примитивизам, односно желбата да се дојде до еден посебен вид на израз кој не содржи никакви елементи поврзани со западната цивилизација.

Магиската привлечност кои ги поседувале тропските острови се забележуваат во неговите дела а изобилуваат со изразити силен колорит а воедно се издвојуваат од тогашните дескриптивни бои.

Самиот сликар ја чувствувал силата на своите уверувања и знаел дека е предодреден да внесе промени во светот на уметностаи воопшто не го загрижувала положбата во која се наоѓал и важел за несфатен уметник.

Во зборовите на Гоген постои зрно на универзална вистина и суштинска желба за постоење на место каде ќе може да се создава и живее само од креативната енергија.

‘Сакам само да го заборавам сето зло од минатото, и да умрам сосема непознат, слободен да сликам без некоја посебна слава’, ќе рече уметникот неколку години пред својата смрт.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР