ОВЕН

Работа – Eнергетскиот статус на Овновите се менува на подобро. Почнуваат да се движат сите работи на кои работевте минатите недели или за кои мечтаевте. Среќно!

Љубов – Се создаваат прилики за интересни познанства, а ќе ги има во изобилие – на пат, на вечерни излагања, во кафуле или на работното место.

Здравје – Внимавајате на настинки.

Бик

Работа – Биковите се чувствуваат како да се заглавени во некој ќош. Чувствуваат потреба да се претворат во лав и да тргнат кон своите цели. Ја имате подршката од пријателите на кои вие сте им помогнале. На повидок се амбициозни проекти од кои  ќе имате корист.

Љубов –  Мечтаењата од предходниот период се претвораат во реалност.

Здравје – Внимавајте на бактериски инфекции.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Важите за индувидуалец, но ова е период во кој подобро ќе функционирате во некоја група. Ситуациите се менуваат, а вие станувате прилично импулсивни. Стапете во контакт со старите колеги и само мудро напред.

Љубов – Вашата импилсивност го привлекува спротивниот пол. Можно е тоа да биде некој кој е зафатен, а на многу Близнаци ќе им се јави личност од минатото.

Здравје – Можни главоболки.

РАК

Работа – Финансиската ситуација ви се подобрува. Размислувате како да го подобрите својот деловен статус, а од крајот на неделава нешто ќе почне да се движи во тој правец.

Љубов – Се трудите да не ги повторите грешките од минатото – како избор на партнерот или однос кој не бил здрав за вас.

Здравје – Внимавајте на исхраната.

ЛАВ

Работа – Потребата за било кој вид на слобода, расте. Од тоа во кој правец ќе го упатите своето внимание, зависи и вашиот успех на деловната сцена. Обично сте добри во мултитаскингот, но сега е време за конкретни цели.

Љубов – Време е да ставите точка на минатиот период. На слободните лавови им следи сосема случајно познанство со личност која патува, се образува или преселува во странство.

Здравје – Промените со времето ги чувствувате – метереопат сте.

ДЕВИЦА

Работа – Во минатиот период, поголемиот дел од работата лесно ви одеше од рака. Следните деловни односи, од вас бараат повеќе концентрација и внимание. Разбудете ја својата перфекционистичка природа и средете се.

Љубов – Страсите ве движат кон машко – женските односи. Ова може да биде проблематично за Девиците кои се во врски, што не функционираат.

Здавје – Проблеми со несоница.

ВАГА

Работа -Јупитер е во прво поле а патем е и ретрограден, додека Венера е вашето седмо поле и се движи директно во својот од. Опоцизијата која ја прават овие две планети ја ремети хармонијата и можно е некои работи поради ова да останат недовршени.

Љубов -Пробајте да одложите донесување на битни одлуки и бидете спремни работите да ги истерате до крај.

Здравје -Можни проблеми до панкреасот.

ШКОРПИЈА

Работа -Моменталната позиција на планетите укажува дека многу работи нема да се остварат како што сте планирале.

Љубов -Период исполнет со многу емотивни случувања.

Здравје -Одлично.

СТРЕЛЕЦ

Работа -Сатурн кој веќе долго престојува во вашиот знак е добро аспектиран со останатите планети и најавува финансиска стабилност.

Љубов -Можни конфликтни ситуации со партнерот. Не долевајте масло на огнот.

Здравје – Променливо расположение.

ЈАРЕЦ

Работа -Потрудете се да ги исфорсирате контактите кои ќе ви одговараат најповеќе за моменталната ситуација. Генерално, работата ќе стагнира во овој период.

Љубов -Не донесувајте брзоплети одлуки за да не се каете подоцна.

Здравје -Стомачни проблеми.

ВОДОЛИЈА

Работа  – Најважно во периодот кој следува е да бидете внимателни во ракувањето со финансиите и финансиските трансакции. Не потпишувајте ништо важно.

Љубов – Ќе ви биде нагласено егото што значи дека тензиите со партнерот ќе бидат ваше секојдневие. Само со обостраната толерантност може ова да се надмине.

Здравје -Настинка.

РИБИ

Работа – Чувствувате потреба за промена на работното место. Нагласени се конфликтни ситуации со авторитети. Ако сакате да ја решите оваа ситуација најважно е да бидете објективни.

Љубов -Поволен период за средување некои ситуации кои биле актуелни во минатиот период.

Здравје – Стрес.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЈадете слатки без страв – со овие 6 правила!
Следна објаваPaul Gauguin|The master of colours
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Нејзина омилена изрека е "Смејте се, ништо не е повредно од насмевката".

НЕМА КОМЕНТАРИ