За подобар одмор и сон преку целата ноќ, оплеменете ја својата спална соба со цвеќиња и зеленило.

Недостатокот на сон е еден од најголемите проблеми со кои сите одвреме – навреме, се сретнуваме. Ви претставуваме едноставно и поволно решение со кое подобро ќе спиете и утрото ќе го дочекате поодморни од порано.

Одамна е познато дека уредувањето и дизајнот на спалната соба игра значајна улога за квалитетот на сонот, а сега ќе ве запознаеме со растенијата, со кои послесно ќе заспиете и кои безсоните ноќи ќе ги испратат во некои минати времиња.

Лаванда

Со причина лавандата ја наоѓаме насекаде. Во додатоците за помеки алишта, мирисните купки до спрејови за домот. Мирисните виолетови цветови на лавандата, докажано, можат да ви помогнат да се смирите и опуштите. Свежата лаванда е многу подобра од сувата и секако е подобар избор. Пријатниот мирис на свежата лаванда ќе ве заспие, а истовремено ќе внесе и убава боја во спалната соба.

Љиљан

Оваа билка честопати можеме да ја сретнеме во многу домови. Љиљанот е совршен прочистувач на воздухот од хемикалиите како формалдехин и други видови на алергени, а истовремено го испушта прочистениот кисолород назад во воздухот. А тоа значи чист воздух во домот и подобар сон.

Гарденија

Ракошниот и опоен мирис на белиот цвет на гарденијата, има својство на седатив, а со изгледот ќе го разубави секој простор во домот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИнтересни торби за обожувателките на спортот!
Следна објаваТропска оаза во кафуле во Гватемала
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР