Мебелот на Ikeа е лесен и функционален кој со мала креативност можете да го прилагодите на вашиот стил и да направите ново уникатно парче, чиј дизајнер сте токму вие.

Со мал буџет, лесно можете да го смените основниот изглед на вашиот стан, а доколку не сте нешто посебно креативни, во продолжение на текстов погледнете ја галеријата во која сигурно ќе најдете некоја идеја, за пролетно освежување во вашиот дом.

Се што во треба е основно парче на мебел, на кое сакате да му дадете нов посвеж стилски лик – со спреј во вашата омилена боја или боја која ќе се вклопи во ентериерот на вашиот дом, тапети кои го имитираат мермерот – или некој дуг дизајн кој е карактеристичен за вашиот стил.

Зчатното масиче во секој простор ќе внесе елеганција, а за тој резултат потребно ви е само спреј во златна боја!

 

За тие што повеќе ја сакаат класичната црна боја, тапети со шара на мермер се одлична комбинација.

Со комбинацијата на мермер и злато, никогаш нема да згрешите.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСкали со интересен дизајн и двојна намена
Следна објаваИнтересни торби за обожувателките на спортот!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР