Австралискиот архитект Ендру Мејнард ги дизајнираше овие паметно осмислени скали за домот кои се комбинација од естетика и практика. Жолтите скали истовремено внесуваат свежина и светлост во домот, како и дополнителен простор за чување на разни предмети. Дизајнот е дел од неговиот проект My Home, а овие скали веќе ги има во неговиот сопствен дом и канцеларијата на Austin Maynard Architects во Мелбурн.