Овен

Работа: Делувате многу промислено, а ситацијата на работното место многу детално ја анализирате. Ќе мора да донесете некоја брза одлука периодов која ќе биде од клучно значење.

Љубов: Венера, планетета на љубовта е во вашиот знак, затоа спремете се за бурни љубовни случувања.

Здравје: Медитирајте

Бик

Работа: Нема да дозволите да ви се сугерира во одлуките кои ги носите во однос на работата. Пробајте да се дистанцирате од соработниците на некое време.

Љубов: Ќе биде нагласена желбата за тајни врски, но внимавајте тоа може да излезе на виделина.

Здравје: Несоница

Близнаци

Работа: Ќе бидете промислени во своите потфати како и во финансиските трансакции и нема да дозволите никој да ви сугерира во вашите планови и замисли. Имате чувство дека некој сака да ви работи зад грб, затоа не брзајте со своите реакции и убаво размислете.

Љубов: Едно долгогодично пријателство би можело да прерасане во нешто повеќе.

Здравје: Одлично.

Рак

Работа: Од големо значење е за вас да остварите добри бизнис ррезултати. Напредувањето е многу веројатно во периодот кој што следува.

Љубов: Ќе бидете несигурни во своите избори бидејќи ќе бидете опкружени со голем број на додворувачи.

Здравје: Зголемена нервоза

Лав

Работа: Ќе сакате да се наметнете со своите ставови на вашата поблиска околина. Ќе имате среќа да ги реализирате своите планови кои сте планирале во изминатиот период.

Љубов: Отпатувајте некаде. Ќе сретнете личност кои многу ќе ве заинтригира а не е исклучена и авантура.

Здравје: Чувајте се од вируси и настинки

Девица

Работа: Одлучни сте да ги ревидирате своите односи кои сте ги имале во минатото, посебно оние од финансиска природа. Потребно е да осмислите добар план.

Љубов: После долг нестабилен период следува помирно секојдневие.

Здравје: Проблеми со жлездите.

Вага

Работа: Потрудете се да остварите подобра комуникација со вашето опкружување. Следи стресен период затоа нека не ве издава трпението.

Љубов: Венера во Овен ќе го збогати вашиот љубовен живот.

Здравје: Ќе имате вишок на енергија

Шкорпија

Работа: Се наоѓате во комуникативен и активен период но некои работи нама да можете да ги промените и покрај вашите обиди.

Љубов: Можно е да излезат некои нерешени работи од минатото.

Здравје: Внесувајте помалу шеќер.

Стрелец

Работа: Околностите во работното опкружување ќе бидат многу променливи. Ќе ви бидат потребни голема дипломатија и трпение за да може да се прилагодите на својата околина.

Љубов: Ќе бидат присутни судири со саканата личност. Внимавајте!

Здравје: Не претерувајте со алкохолот и цигарите.

Јарец

Работа: Немојте да брзате со реализација на вашите планови, периодот не е многу поволен, ретроградниот Jупитер неповолно влијае на вашиот знак.

Љубов: Ќе имате недоразбирања со саканата личност.

Здравје: Проблеми со срцето.

Водолија

Работа: Ќе мора да вложите екстра напор во решавање на некои проблеми кои се одолговлекуваат веќе подолго време. Можен е материјален добиток кон крајот на неделата.

Љубов: Проблемите на работното место ќе се рефлектираат и во љубовниот живот.

Здравје: Хроничен замор.

Риби

Работа: Избегавајте ги оние личности кои ви создаваат непријатна атмосфера. Фокусирајте се на работи кои ќе ви донесат профит.

Љубов: Планетарната констелација вели дека треба да го заборавите минатото и да продолжите со својот живот.

Здравје Зголемена нервоза.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПантолоните Palazzo се хит!
Следна објаваГламурот на Met Gala 2017!
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Нејзина омилена изрека е "Смејте се, ништо не е повредно од насмевката".

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР