Водење на активен живот во модерното општество носи многу стрес и бара поголема физичка издржливост за да се справиме со обврските на секојдневието. За оние кои немаат време секој ден да минуваат по два часа во фитнес центрите, Ви нудиме неколку совети за одржување на линијата, кондицијата и здравјето.

Правило број 1: Почекајте 10 минути.

Желбата за храна на некој добар чоколаден десерт или некоја непотребна калорична закуска исчезнува за десет минути, барем според истражувањата. Па затоа, кога ќе Ве нападне апетитот, причекајте десет минути.

Правило број 2: Станете од столчето!

Паузите од работа користете ги во движење. Долгото непрекинато седење, го забавува метаболизмот.

Правило број 3: Време е за чаша вода.

Понекогаш телото не знае да ги разликува потребите за храна и вода, па затоа кога чувствувате глад, напијте се чаша ладна вода. Ако чувството не исчезне за 10 до 20 минути тогаш е време за ужина.

Правило број 4: Оставете ги газираните пијалоци во минатото.

Овие шеќерни бомби заменете ги со чај уште веднаш!

Правило број 5: Долга дегустација за квалитетна дигестија.

Важно е храната да се јаде полека, секој залак добро да се изџвака. Варењето е полесно а и апетитот ќе го заситите со помалку храна.

Правило број 6: Протеинот како нов најдобар пријател.

Протеините не само што ќе Ве заситат туку и ќе помогнат во градење на мускулната маса.

Правило број 7: Кардио за најупорните!

За фитнес – фанатиците, најдобар начин на согорување на вишокот калории се упорните кардио тренинзи.

Правило број 8: Помалата чинија е преполна чинија.

Кога користиме чинии со помал дијаметар од стандардниот ќе изедеме 22% храна помалку, според новите истражувања. Тоа е поради брзината на празнење на помалата чинија.

Правило број 9: Заборавете на лифтот.

Секојдневното користење на скалите во двата правца, помага и тоа како,во подобрување на кондицијата и согорување на калориите.

Правило број 10: Заборавете на алкохол.

Полн со калории и зголемува апетит. Алкохол никако за време на диета.

Правило број 11: Вистинското уживање е во големо парче пица.

Вегетеријанската пица со тенко тесто и многу зеленчук ќе Ви отвори нова перспектива за здравата исхрана.

Правило број 12: Пуканки, пуканки и само пуканки!

За време на филмовите заборавете на чипсот. Нискокалоричните антиоксиданси се вистинскиот избор!

Правило број 13: Танцување до зори.

Танцувањето до рани зори помага во одржувањето на посакуваната витка линија. Може да се каже дека и позабавен тренинг нема.

Правило број 14: Генералките се минато и демоде.

Наместо да исчистите се наеднаш, поделете ги обврските во текот на целата недела. Чистењето е исто така еден вид на физичка активност, па вака секој ден ќе бидете барем дваесет минути во движење.

 

 

 

 

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСедум свадбени трендови за 2017година!
Следна објаваНајубави украси за коса!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР