Малиот црн фустан доаѓа во многу облици, но дефинитивно еден од најпознатите е оној од почетната сцена на филмот “Breakfast at Tiffany’s “(1961). Во овој филм глумицата Audrey Hepburn заносно и со големо воодушевување го гледа накитот  во излогот на Tiffany & Co.

Image result for breakfast at tiffany's

Таа е облечена во фустан кој ги дизајнираше Hubert de Givenchy и носи големи очила за сонце додека го држи кроасанот во рака. Таа сцена е светски позната и го направи овој стил класика.

Иако изгледа како неверојатна инспирација за венчавки, дизајнерот Reem Acra создаде збрка со свадбените фустани, токму по примерот на овој култен филм.

Признавајќи го влијанието на филмот Reem Acra објасни – “Toa беше таа магија, таа сцена, која ме доведе до Tiffany & Co. веднаш, кога стигнав во New York од Либан, пред повеќе од 20 години.”

Оваа прекрасна гламурозна колекција на венчаници е инспирирана токму од таа филмска сцена. Иако можеби црниот фустан е неконвенционален за венчавки, невестата која го носи ја прекинува традицијата, а истовремено се чести со модната класика. Колекцијата е со долги фустани, со витка силуета и мало деколте, но со многу тантела  – секако во колекцијата има и неколку луксузни венчаници во бела боја. 

Целата колекција е фотографирана во Tiffany & Co., а едиторијалот е снимен за познат часопис. Секој изглед е надополнет со дијамнантскиот накит од најпознатата златара на свет…затоа што сепак, дијамантите се најдобар пријател на секоја жена! :)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФилмот за „Лајбах“ во Северна Кореја за затворањето на Скопје филм фестивал
Следна објаваПосетете го Милано оваа пролет!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР