Со задоволство ве известуваме дека во рамките на на годинешната програма на Скопје филм фестивал, денеска, 27 април, работилница за анимиран филм ќе одржи Берин Тузлиќ, уметник од Сараево.

Работилницата ќе се одржи  во Кинотека на Македонија од 12 часот.

Работилницата се состои од три сегменти:: видеа од Ричард Вилијамс, интерактивен edutainment и видео цртање со тајминг музика, комбинирана техника Фазонатор

Берин Тузлиќ е мултимедијален уметник од Сараево, доцент по цртана анимација. Добитник е на многубројни награди од областа на краткиот анимиран арт филм, изработка на реклами и стрипови.
Вчера вечер дел од фестивалската програма беа две премиери на новите македонски краткометражни играни филмови во продукција на „Круг“.

Публиката во киното „Фросина“ ги виде „Ќе дојдат децата“ во режија на Ана Јакимска, со Наташа Петровиќ и Шенка Колозова во главните улоги и „Чевли“ во режија на Бранко Костески, со актерите Благој Веселинов, Григор Јовановски, Диме Илиев, Ана Костовска и  Роберт Ристов. По проекциите од името на двете филмски екипи на публиката за поддршката и на учесниците за професионалноста им се заблагодари режисерката Ана Јакимска.

Утревечер (петок 28 април) со уште неколку извонредни филмски остварувања заврушува годинешното 20. јубилејно издание на Скопје филм фестивал. Ве покануваме да го проследите и последниот фестивалски ден.

Програма за петок 28 април:

Кино Фросина

16:00h ГОСПОДИНОТ УНИВЕРСО/MISTER UNIVERSO (2016)

Режија: Тица Кови и Рајнер Фримел

Улоги: Таиро Кароли, Венди Вебер, Артур Робин

Austria/Italy, 90 min.

Младиот Таиро, кротител на лавови со голема насмевка и големо срце, води среќен живот меѓу циркуските карвани заедно со девојката акробатка и остатокот од нивната тесно поврзана заедница. Кога неговата амајлија, потковица, ќе исчезне, Таиро не може да го изведува својот ритуал пред настап и затоа веќе не може да ја изведува точката пред публика. Потсетувајќи се дека кога бил дете талисманот му го дал Артур „Мистер Универзо“ Робин, Таиро трга во потрага да го најде познатиот циркуски снагатор и да најде копија од потковицата. Во стилот на италијанскиот неореализам, на прагот меѓу фикција и документарен филм,  оваа одисеја се одвива во волшебен филмски свет каде што имагинацијата се среќава со реалноста, и ни нуди нежна и надежна приказна за созревањето во која провидението и сочувството се врските што ја врзуваат прагматичната страна на животот со митот.

18:00h ЗАГУБЕНИ ВО ПАРИЗ/LOST IN PARIS (2016)

Режија: Доминик Абел, Фиона Гордон

Улоги: Фиона Гордон, Доминик Абел, Емануел Рива

France/Belgium, 82min.

Оние што гледале филм на Фиона Гордон и Доминик Абел никогаш нема да го заборават. Од „Румба“ (2008) до „Самовила“ (2011), комедиите на ова дуо не наликуваат на ниту една други во моментов. Секоја од нив е со исклучителна и уникатна кореографија, вистинска приказна за „вистински“ ликови, малите луѓе без глас кои се игнорирани додека животот бргу минува.
Кога библиотекарката Фиона ќе добие вознемирувачко писмо од својата 93-годишна тетка во Париз, Фиона ита во Франција за да дознае дека тетка ѝ исчезнала. Во Париз Фиона ќе се сретне со срдечен скитник кој станува дел од нејзиниот живот.
Приказната е само изговор за геговите, брилијантните шеги и физичката комедија,кои целосно зависат од точниот тајминг и неверојатните случајности кои не се користени на таков начин уште од времето на Тати. Гордон и Абел навистина знаат што прават – а никој друг не прави ништо слично во моментов.

20:00h ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО/ LIBERATION DAY (2016)

Режија: Угис Олте, МортенТравик

Улоги: Борис Бенко, Томаж Чубеј, Милан Фрас

Norway/Latvia, 98 min.

Норвешкиот режисер Мортен Травик ја смисли досега најчудната севернокорејска приказна: вистинската приказна за тоа како Демократска Народна Република Кореја за прв пат покани западна рок група да свири во земјата. Групата одбрана за оваа чест се словенечките арт-рок ветерани „Лајбах“, формирани во Југославија, познати по тоа што сатирично флертуваат со фашистички метафори. Идејата на „Лајбах“ е да ги свират своите аранжмани на песни од американскиот мјузикл „Моите песни, моите сништа“ – еден од ретките западни филмови дозволени и сакани во земјата.
Звучи бизарно. И е бизарно. Особено затоа што владата на Северна Кореја прво ги одбила „Лајбах“ поради нивниот дрзок милитаристички шик. Травик прикажува една мачна вечера кога комунистички функционер држи тажен, но прилично искрен говор со кој јасно се става до знаење дека позите на „Лајбах“ се неприфатливи. По тешки преговори со официјалните лица, овој чуден концерт се одржа: навистина историски настан.
Соочувајќи се со строгата идеологија и културолошките разлики, групата се мачи да ги протне своите песни низ иглените уши на цензурата пред да ги претстави пред публиката која дотогаш не чула алтернативен музика.
Исклучително привлечна, убаво монтирана (со јасно влијание од музичките спотови) приказна за настан што стана историски само затоа што воопшто и се случи.

22:00h КАФУЛЕ/THE BAR (2017)

Режија: Алекс де ла Иглесија
Улоги: Бланка Суарез, Марио Касас, Кармен Мачи

Spain, 102 min.

Новиот трилер и многу црна комедија на Алекс де ла Иглесија почнува прилично безопасно, кога еден обичен ден луѓе што не се познаваат влегуваат во бар во Мадрид.  Одеднаш, двајца од гостите се убиени и од тој момент е прилично очигледно дека е невозможно да се напушти барот, па остануваме тука, заробени во лудиот ум на Де ла Иглесија. Почнува едно лудо возење што ќе го преживеат само најиздржливите.
Снимен во стилот на класичните Б-хорор филмови од 80-тите, филмот има многу апсурдни моменти, а Иглесија успева да создаде постојано чувство на терор, им дозволува на ликовите комплетно да претераат уште во првите секунди кога ќе бидат затворени во барот. Сè е малку прегласно, навредливо и брзо, па е невозможно да не ве вовлече приказната која е толку ексцентрична што создава свое бизарно гравитациско поле. Боите се јаки и моќни, а во некои моменти имаат речиси стриповски стил, што додава уште еден слој апсурдност на визуелната рамка.

Кинотека на Македонија

17:00h КАКОВ ШТО СИ / AS YOU ARE (2016)

Режија:Miles Joris-Peyrafitte

Улоги:Owen Campbell, Charlie Heaton

USA, 105 min.

19:00h КРАЛИЦАТА НА ШПАНИЈА / THE QUEEN OF SPAIN (2016)

Режисер: Fernando Trueba

Улоги: Penélope Cruz, Mandy Patinkin

Spain, 128 min.

21:00h БЕСКОНЕЧНА ПОЕЗИЈА/ ENDLESS POETRY (2016)

Режисер: Alejandro Jodorowsky

Улоги: Adan Jodorowsky, Brontis Jodorowsky

Chile/Japan/ France, 128 min.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајмодерен превоз во иднината со хелихоптерот Bell!
Следна објаваВенчаници инспирирани од култната сцена “Доручек кај Тифани”!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР