Без пилотните возила повеќе нема да претставуваат само утописки призори од научно-фантастичните филмови, какви што сме навикнале да ги гледаме. Тие ќе бидат сосема вообичаена глетка која ќе може да се види на улиците на Лондон и Оксфорд и тоа во многу блиска иднина во 2019 година.

Британската влада неодамна откри детали за плановите кои ги прави околу овие проекти. Се планира да се вложат околу 13 милиони фунти во овие автоматизирани возила.

Најголем дел од финансиските средства ќе гидобијат “Oxford Robotics” и “Oxbotica” кои се во фаза на тестирање на возилата.

“Oxbotica” верува дека со ваквите возила во значајна мера ќе се намалат гужвите во сообраќајот по улиците во градовите, а важно е да се спомене, дека ќес е зголеми сигурноста на сите учесници во сообраќајот, бидејќи како што е познато 90% од несреќите се случуваат поради човековото невнимание.

Компанијата развива систем кој е наречен Selenium, а користи патентирани алгоритми кои би помогнале на возилото подобро да ја разбере околината во која се движи.

Според првичните најави овие возила ќе се појават најдоцна до 2019 година.

Добродојдовте во иднината!!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР