Со задоволство ве покануваме на денешното предавање и разговор со публиката со Јан Харлан, специјалниот гостин на годинешното јубилејно издание на Скопје филм фестивал.

Јан Харлан бил извршен продуцент на  филмовите „Пеколен портокал“, “Очи широко затворени“, „Сјајење“, „Бери Линдон“, „Full Metal Jacket“ и други на легендарниот режисер Стенли Кјубрик. Тој е и извонреден познавач на делото на Кјубрик.

Поводот за гостувањето на Харлан на Скопје филм фестивал е првата македонска ретроспектива на еден од најголемите светски режисери која се одржува во рамки на фестивалската програма.

Вечерва, по проекцијата на филмот „Пеколен портокал“, во киното Милениум, Харлан ќе одржи кратко предавање и ќе одговара на прашања од публиката. Разговорот со Јан Харлан ќе го води Гена Теодосиевска.

Во рамки на програмата на 20. Скопје филм фестивал, во кината Милениум и Фросина се прикажуваат филмовите: „БЕРИ ЛИНДОН/BARRY LINDON(1975), 2001: ОДИСЕЈА ВО ВСЕЛЕНАТА/   2001: SPACE ODYSSEY (1968), ПЕКОЛЕН ПОРТОКАЛ/ CLOCKWORK ORANGE (1971), ЛОЛИТА/LOLITA  (1962) и СЈАЕЊЕ/SHINING (1980), како ретроспектива на Кјубрик.

Програма за понеделник 24.04.

Кино Фросина

17:00h ЛОЛИТА/LOLITA (1962)

Режија:Stanley Kubrick

UK/USA, 152 min.

Улоги: Џејмс Мејсон, Су Лајон, Питер Селерс, Шели Винтерс

„Лолита“ е интимно направена, генијално раскажана и прекрасно одиграна сатира за страста, опсесијата и фрустрацијата што сега се смета за еден од најдобрите и најконтроверзни примери на овој жанр.
Според истоимениот роман на Владимир Набоков, филмот ја раскажува приказната за еден средовечен професор на колеџ кој патува во мало американско гратче за да предава и додека бара стан под кирија, одлучува да стане потстанар во куќата на една вдовица откако ќе ја запознае нејзината 14-годишна ќерка и веднаш ќе биде заслепен од нимфета.
„Лолита“ е уште едно ремек-дело во низата на легендарниот режисер кој ја изгради целата кариера со снимање на влијателни филмови без некогаш да се повтори. Тој се осврнува на темата на забранетата љубов, но филмот е и студија за опсесијата и паранојата со честа употреба на сатирични елементи.

20:00h ЗАЛИВОТ СЛЕК/SLACK BAY (2016)

Режија: Bruno Dumont

France/ Germany, 122 min.

Улоги: Фабрис Лукини, Жулиет Бинош, Валерија Бруни-Тедески

Необична, мрачна комедија за буржоаското и екстремно ексцентрично семејство Ван Петегем, за време на нивниот летен одмор во вилата над живописниот залив Слек.
Нивниот лежерен ритам на сончање и крајбрежни прошетки набргу ќе го прекине пристигнувањето на двајца смотани инспектори кои истражуваат неколку случаи на исчезнати туристи..
„Заливот Слек“ изгледа одлично, со екстравагантни костими и волшебни морски предели. Она што го прави филмот толку магичен се неговите површини: широкоаголните композиции на снимателот Гијом Дефонтен доловуваат сончев рај со маринско сино небо и бесконечен хоризонт. Ова е убава алтернатива на валканоста на претходните дела на Думон. Тоа е бурлеска за страст и гнев, за строги манири што подлегнуваат на фуриозни желби, за општество што зависи од радикално одржуваните разлики и карактеристики што не попуштаат пред неуморните сили на природата.

22:00h НАЈСРЕЌНИОТ ДЕН ВО ЖИВОТОТ НА ОЛИ МЕКИ/THE HAPPIEST DAY IN THE LIFE OF OLLI MÄKI (2016)

Режија: Juho Kuosmanen

Finland/Germany/Sweden, 92min.

Улоги: Oona Airola, Eero Milonoff, Jarkko Lahti

Како спој на „Диви јагоди“ и „Разбеснетиот бик“ – иако бикот не е толку бесен, колку што е вљубен.
Летото 1962 година, надежниот боксер Оли Меки се подготвува за најголемиот меч во неговата дотогашна кариера: борба против актуелниот носител на титулатата на светското првенство. Со огромен талент и неверојатно скромен, Оли се стекнува со огромна популарност и станува национален симбол на земјата додека се подготвува за  најголемата и најбезнадежната шанса во неговата кариера.
Постои само еден проблем: Оли се вљубува. Во рингот е Финска против САД, но надвор од него, боксот и романсата се натпреваруваат кој ќе го задржи вниманието на Оли. Доловувајќи го притисокот на подготовките за мечот, сложените емоции на вљубувањето и конфликтите што произлегуваат од обидите да се жонглира со овие две работи, „Најсреќниот ден во животот на Оли Меки“ слика чувствителен, прониклив и необичен портрет на еден од спортските херои на Финска. Почнувајќи од најавната шпица, која е прецизно напишана за да одговара на дизајнерскиот стил од почетокот на 60-тите години во Европа, па понатаму, голем дел од филмот е направен да наликува на филмските вести од тоа време.
Целосно снимен на 16-милиметарски црно-бел филм, ова играно деби на Јухо Куосманен ја доби наградата „UnCertainRegard“ на Канскиот филмски фестивал. Филмот има топла човечност, искривен хумор и прекрасен изглед.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИновативни кујни со префинет стил!
Следна објаваРемек делото на Carl Faberge , “златното јајце”
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР