Господинот Giorgio Armani секогаш бил инсприативен за дамите како со своите креации така и со своите модни совети. Ви ги преставуваме некои од нив кои имаат за една и единствена цел да им помогнат на дамите при градењето на својот сопствен моден стил.

  1. Внимателно одбран парфем со сигурност може да стане ваш заштитен знак. Тоа е првото нешто што мажите го забележуваат во првиот момент кога сретнат една дама.
  2. Изберете материјали во пастелни бои, без премногу шари.
  3. Црната и тегет бои се боите кои мора да ги имате во својот гардеробер. Тие се комбинираатсо многу облици и дезени.
  4. Инвестирајте во скапи аксесоари. Часовникот е едно од најважните детали а кој многу кажува за карактерот на една личност.
  5. Разликата помеѓу стилот и модата. Стилот е многу поважен од модните трендови, бидејќи тие доаѓаат и си заминуваат.
  6. Не се преоптоварувајте со премногу гардероба. Модните икони се препознатливи по својата едноставност, при тоа не вложувајќи премногу труд при комбинирањето на својата гардероба.
  7. Да се изгледа секси е состојба на умот. Највеќе зависи од држењето на телото.
  8. Не штедете на чевли. Скапите чевли се инвестиција која секако дека ќе ви се исплати.
  9. Вистински луксуз е кога можете да го кажете тоа што го мислите.         

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР