Италија е убав земја која секој од нас ја посетил, а ние денес ви претставуваме италијански средновековен дворец кој е претворен во автентичен хотел – Hotel Sextantio Albergo Diffuso.

Сместен во областа Abruzzo на 1250 метри висина, San Stefano di Sessanio е питорескно средновековно село кое се наоѓа само на два часа возење со автомобил северно од Рим.

Ова старо планинско село денес е напуштено, но благодарејќи на филантропот и хотелиерот Daniel Kihlgren и Oriano Associati архитектонското студио, обновеното село, се смета за едно од најубавите и најсочувани италијански историски средовековни бисери.

Во соработка со многу локални организации и занатлии, Sextantio Albergo Diffuso hotel е направен како традиционален селски хотел.

“За да го сочуваме карактерот на Свети Стефан , целата модерна технологија која хотелот ја има, е скриена. Сем тоа, од мебелот до текстилот користени се оригинални и локални материјали кои доаѓаат од оваа регија. Се потрудивме да го сочуваме оригиналнио селски живот, додека внатрешното уредување е сведено на функционалниот минимализам” изјавија од архитектонското студио.

Hotel Sextantio Albergo Diffuso u selu Sveti Stefano di Sessanio

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУлтра луксузна зграда на Porsche “Design” во Мајами
Следна објаваHygge | Филозофија за среќен живот
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР