porakaДоколку помисливте дека „Страници за нашата љубов“ беше новела која Ви предизвика бура од солзи, тогаш наоружајте се за следното љубовно искуство кое ќе Ви го скрши срцето – фрлено низ брановите, во морската судбина исполнето со копнеж и жалост кои ѕиркаат од стаклената форма, пораката во шише завршува на брегот во рацете на свежо разведената колумнистка од Бостон, имено самохрана мајка на 12 годишен син, Тереза Озборн, која е на мини одмор во Кејп Код. Насетувајќи ексклузивна популарност на вредноста наречена љубов, таа го објавува во својата колумна и добива неверојатен фидбек и нови пораки во шишиња со истиот потпис: Гарет. Започнувајќи со „моја најдрага Кетрин…“, писмата говорат за еден аспект на љубовта каде што се истерпретира историја на незаборавност, што во суштина ја наведува Тереза да оди во Северна Каролина и лично да го пронајде мистериозниот автор Гарет Блејк.

Како што приказната напредува (а воедно и големата објава која што Тереза ја подготвува за насловната страница), неминовно помеѓу неа и Гарет се будат романтични емоции за кои и двајцата не ни сонувале дека се можни да се случат, судејќи по емоционалниот багаж составен од обостраната загубена верба во љубовта. Гарет сеуште не е ослободен од прангите на споменот на неговата покојна сопруга, но сепак и отвара дел од неговата душа на оваа непозната жена која всушност, без да знае го подготвува да излезе очи во очи со животот кој запрел за него во моментот кога Кетрин го напуштила за навек. Трпеливо со неизвесноста на емоционалниот интензитет, перипетијата на ново-пронајдената надеж се сели во Бостон дури и по откривањето на скриената кариерна побуда на Тереза околу запознавањето на мотивот кој ја предизвика популарноста на нејзината колумна…

Миграцијата на приказната повлекува и вонсериска блискост со синот на Тереза, кој станува личен советник на Гарет во мисијата целосно да се освои срцето на неговата мајка – што во суштина, уште повеќе придонесува Тереза неотповикливо да се потпре емотивно на странецот кој и го зароби срцето.

Спаркс, како исклучителен креатор на емотивни хроники кои го допираат дното на човечкото срце, со помош на една трагедија која покренува пораки во шише низ океанот, чиста случајност на пронаоѓање низ рутинското, утринско џогирање и неминовна љубопитност да се запознае човекот кој искрено љуби и после загубата се само динамичен и маркантен темел на една безвременска љубовна приказна чиј крај не би можеле да го предвидите ни при најголемата траги-имагинација. Резервацијата на вонтелесниот сентиментален јазик ќе ги прегрне и романтичарите и циниците истовремено – на едните ќе им причини пад на колена, а на другите ќе им сервира шлаканица поради нивната недоверба.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (14.04 – 18.04)
Следна објаваФото на денот | Рефлексија на љубовта
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ