Од неодамна нашите најмлади читатели може да уживаат во приказните и илустрациите на сликовници од најпознатите англиски автори за деца, преведени на македонски јазик.

Во превод и издание на јазичниот центар „Елоквента“, преведени се сликовниците „Графало“ и „Замисленото мајмунче“ од Џулија Доналдсон, како и „Елмер“ и „Елмер и Вилбур“ од Дејвид МекКи.

Џулија Доналдсон е најпродаваниот детски автор во Велика Британија. „Графало“ е преведена на над 50 светски јазици и продадена во повеќе од 13 милиони примероци. Тоа е најомилената книга и на младиот англиски принц Џорџ, синот на Вилијам и Кејт.

Џулија Доналдсон е одликувана од англиската кралица со орденот MBE за нејзините заслуги во литературното творештво.  Портрет од Доналдсон ги краси ѕидовите на Националната галерија на портрети во Лондон.  Џулија Доналдосон е кралица на детската рима и за нејзините сликовници добитник е на над 50 награди и признанија.

Дејвид МекКи е познат британски детски автор и илустратор. Неговите книги за шарениот слон Елмер се преведени на повеќе од 40 јазици и продадени во над 7 милиони примероци.  Преку забавните авантури на шеговитиот Елмер, децата учат да ги почитуваат различностите кај луѓето, но воедно и да се ценат себеси.

Сликовниците на „Елоквента“ се наменети за деца на предучилишна и раноучилишна возраст.   Во секоја детска библиотека заземаат значајно место затоа што „растат“ со детето: со секоја измината година, детето открива нови квалитети на овие светски дела.

На овогодишниот Саем за книга побарајте ги на штандот на издавачката куќа „Икона“.

Во моментов сликовниците се достапни во продажните места на: „Икона“, „Три“, „Матица Македонска“, „Две Марии“ (Зебра), „Офис Нет“ (Дебар Маало), „Хабиленд“ во Скопје, во „Сплендид“ во Кавадарци, „Џивџи“ во Куманово, како и на интернет книжарницата „КупиКнига“.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАпстрактно сликарство
Следна објаваAприлска линија нa Mango за возраст од 20 – 63 години!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР