Не постои човек кој при средба со апстрактната уметност да не остане помалку збунет и така стоејќи и гледајќи во некое дело да се прашува што тоа всушност значи. Тоа е сосема нормална реакција која се јавува во окото на гледачот.

Фактот поради кој апстрактната уметност е на некој начин збунувачка е тоталното отсуство на историски, психолошки, митолошки, библиски и други референци. За разлика од предметното сликарство кај апстактивното ги нема оние специфични но и добро препознатливи физички објекти кои се присутни во физичкиот свет. На овие уметнички дела  може да се воочаат само ликовни елементи кои во окото на посматрачот изгледаат како еден вид на уметничка декорација која нема некоја  посебна уметничка вредност. Ова “одсутство” на реална содржина и “не можноста” на доловувањето на суштината на значењето на едно апстрактно уметничко дело за жал многу пати знае да создаде негативни реакции во окото на гледачот. Колку пати сме чуле како некој ќе рече “па секој може да нацрта вакво нешто”.

Познатиот историчар на уметност Ernest Grombih рекол дека не постои поголема пречка да уживате во уметноста и делата на големите мајстори од нашата навика и неспремност да ги отфрлиме нашите предрасуди. За вистински да се разбере апстрактната уметност не е доволно само да се појде на изложба или во музеј и да се погледнат делата само на кретко време, тоа би било многу површно.

Добро познато е дека секое уметничко дело е поврзано со одреден општествен контекст, се разбира создадено во одреден временски и историски период како и во одредено опкружување во кое што творел одреден уметник. Дури кога ќе се стекне јасен увид во идејно-идеолошките услови во кое е создавано делото се создава реална слика за творецот и неговата позиција во која тој творел.

Уште во античко време големите филозофи и мислители ги изразувале своите мисли за уметноста. Аристотел е прв кој го вовел поимот (MIMESIS), еден од најстарите поими во западната уметност. Според него, главна цел на уметноста е “имитација” на природата но не каква таа е навистина, туку каква е во очите на уметникот. Тоа би значело дека создавајќи ги своите дела уметникот го применува методот на селекција кој всушност го носи до еден вид на идеализација на одреден објект. Со други зборови се отстранува се што не е случајно и неубаво.

Меѓу првите и најпознатите апстарактни уметници е Wassiliy Kandinsky кој прв се занимавал со теријата дали дали присуството на одреден објект, а воедно одсуството на одредена содржина е битно, за истото да биде попрепознатливо и пореалистично.

Во своето теоретско дело “За духовноста во уметноста” кое било објавено во 1912 година, Кандински ја проучува теоријата за тоа како облиците, боите и линиите во уметничките дела можат да ги разбудат истите чувства кога слушаат одредена музика кај гледачите.

Ликовните елементи како што смета Кандински можат во  потполност да заменат одреден предмет и да ја исполнат сликата со “нова” интересна содржина. Помеѓу 1910 и 1914 година тој го насликал својот циклус уметнички дела “Импровизација и композиција” засновани на теоријата во која сликарството представува еден вид на стварност која поседува сопствени елементи и законитости.

Кандински не е единствениот уметник кој својата уметност ја поставил на теориски рамки, бројни други припадници на апстрактното сликарство развивале единствени филозофски теории во оваа област. Некои од нив се: Piet Mondrian, Jackson Pollock, Kazmir Malevich и др.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР