Овен

Работа: Вашата материјална состојба ќе биде во застој оваа недела. Можни проблеми во врска со некои стари долгови.

Љубов: Ќе ве привлекува идејата за авантура. Можна е појава на некоја ваша стара симпатија. Балансирајте помеѓу чувствата и мислите.

Здравје: Можен проблем со ушите.

Бик

Работа: Се чувствувате полни со енергија. Ќе бидете во ситуација да донесете некоја важна одлука која ќе го смени вашиот курс во врска со работата.

Љубов: Партнерот ќе очекува поголема подршка од вас. Ако сте слободни можно е промена на тој статус. Среќно!

Здравје: Главоболки.

Близнаци

Работа: Решавање на некои административно-судски работи. Не одолговлекувајте со нивното решавање. Прилив на пари кон крајот на неделата.

Љубов: Потполн пресврт во љубовниот живот. Ќе бидете во ситуација да ги освоите сите околу себе.

Здравје: Болки во вратот заради работата или спиењето.

Рак

Работа: Ќе ви биде многу тешко да ја остварите посакуваната рамнотежа. Избегнувајте ги стресните ситуации. Проблеми со законот. Внимавајте!

Љубов: Ќе бидете доведени во големо искушение, кое може да ве доведе до донесување некои погрешни одлуки.

Здравје: Настинка.

Лав

Работа: Голема парична добивка ве очекува во престојниот период. Внимавајте на односот со некој ваш близок соработник. Можни проблеми со техниката со која ракувате.

Љубов: Имате големи очекувања во однос на љубовниот живот, и за ваша среќа, сите ќе ви се исполнат во овој период.

Здравје: Проблеми со грлото.

Девица

Работа: Во изминатиов период имавте некој застој на работното поле. За среќа тоа ќе се смени во овој период и ќе имате можност да си ги исполните вашите планови. Среќно!

Љубов: Постои личност на која и се допаѓате и која и вам ви се допаѓа, па ќе мора тоа да го изнесете на виделина и да го решите вашиот статус.

Здравје: Проблеми со очите.

Вага

Работа: Ќе се појават проблеми на работното поле, со што ќе ве натераат да заминете во некоја странска држава. Бидете внимателни кога е законот во прашање.

Љубов: Турбулентен период исполнет со многу страст.

Здравје: Проблеми со бубрезите.

Шкорпија

Работа: Ќе го пронајдете вистинскиот модел за успешно работење и ќе бидете усмерени на постигнување на повисока позиција. Бидете внимателни во трошењето на пари.

Љубов: Можна љубовна врска со некоја личност од вашето опкружување. Но. внимавајте, тоа може да биде крај за вашата претходна врска. Размислете убаво!

Здравје: Повеќе одмор.

Стрелец

Работа: Период на брзи промени. Проширување на вашиот бизнис или можно унапредување на повисоко работно место. Подршка од близок член на семејството.

Љубов: Вашиот специфичен стил и способност за комуникација ќе доведе до контакт со една личност која потајно ви се допаѓала.

Здравје: Проблеми со дишните патишта.

Јарец

Работа: Внимавајте што потпишувате оваа недела. Можни се губитоци на пари, документи па дури и на работата. Не се доверувајте секому за своите проблеми.

Љубов: Конфликтите кои ќе се појават во љубовниот живот може да навестат крај на вашата врска, затоа внимавајте!

Здравје: Внимавајте доколку имате астма.

Водолија

Работа: Вистинско време е да се посветите на себе си и остварување на своите бизнис планови. Среќата ќе биде на ваша страна.

Љубов: Ќе уживате во моментите поминати со партнерот, а на слободните преставници на овој знак им престојат нови пријатни познанства.

Здравје: Можен зголемен крвен притисок.

Риби

Работа: Ќе бидете во можност да инвестирате во нешто што ќе ви носи дополнителени приходи во иднина. Незапослените преставници ги очекува запослување.

Љубов: Не и доzволувајте на вашата околина да влијае на одлуките кои ги носите, во врска со вашиот љубовен живот.

Здравје: Повеќе сон.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовата летна линија кармини на Estee Lauder!
Следна објаваОсвежете ја кујната со комбинација на овие бои!
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Нејзина омилена изрека е "Смејте се, ништо не е повредно од насмевката".

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР