Во соработка со реномираниот дизајнер Samuel Mac, Formitalia Luxury Group ги презентра модерните новитети за домот….

Чиста елеганција и шарм ја карактеризираат трпезаријата Muzio која ја дизајнираше Samuel Mac. Дрвената трпезариска маса која има сјајна црна завршница со детали од месинг, стакло на врвот и метални рачки, е единствен и уникатен примерок.

Столиците/фотељи со повисоки и пониски наслони, истотака поседуваат дрвена структура на ногарки, со лакирана црна завршница. Столиците се пресвлечени со материјал од плиш, кој е достапен во повеќе тонови.

Muzio софата е со дрвената рамка, пресвлечена е со луксузен плиш. Естетиката ја нагласува металната база во златната боја.

Royal спалната соба, ја карактеризира кралски изглед. Огромниот кревет има голем наслон покриен со најфината Stoccard кожа со штепани ефекти, а базата на креветот поседува инсерти од Portoro мермерот.

Наткасните се со бронзани детали. Рамката на големото тоалетно огледало исто така е   покриена со штепована Stoccard кожа и украс од месинг и со мермерна подолога.

Glamour kolekcija za vaše enterijere

Glamour kolekcija za vaše enterijere

Glamour kolekcija za vaše enterijere

Glamour kolekcija za vaše enterijere

Glamour kolekcija za vaše enterijere

Glamour kolekcija za vaše enterijere

 

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВолшебниот имот “Neverland”на Мајкл Џексон се продава!
Следна објаваGraff Diamonds е синоним за фантастичен и уникатен накит!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР