Познатата американска комичарка и тв водителка Ellen DeGeneres го продава својот дом во Санта Барбара. Ellen во оваа вила живеела со сопругата и партнерка, австалиско-американската глумица Portiа de Rossi, а сега ја продаваат за 45 милиони долари.

Ellen и Portia ја купиле вилата во 2012 година, а во меѓувреме го зголемиле поседот за дупла квадратура. Шест спални соби, осум купатила, девет камини, неколку библиотеки и куќа за гости, се само некои од величенствените делови на овој историски посед.Во вилата исто така се наоѓа и јапонска када, базен, кујна со мермерни површини, камени тераси и големо тениско игралиште. Погледот кон океанот, брегот и планините, се протега од секој агол и ќош од вилата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Меѓу облаците
Следна објаваЛуксузна вила на Карибите!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР