Францускиот вајар Auguste Rodin, несомнено изврши револуција во изработката на скулптурите како уметничка форма воведувајќи слобода во нивното преставување. Една од неговите најпознати скулптури е “Бакнеж”( The KISS) која со својата динамична композиција а воедно и флуидно моделирана му обезбедила брз успех на авторот предизвикувајќи шокирачка восхитеност кај тогашната јавност.

За прв пат ова ремек-дело било претставено во Париз во 1877 година. Во скуптурата се прикажани двата познати лика од “Божествената комедија” на Данте, поточно двајцата љубовници Paolo Malatesia и Francesca da Rimini како во својот љубовен занос ја читаат приказната за Lancelot  и Genoveva. Страста и романсата кои се присутни во ова дело е неоспорна, но во исто време ја прави нивната љубов трагична.

Целта на францускиот скулптор во неговите дела, а посебно во овој е да ја претстави жената како рамноправен партнер во “љубовната игра”. Една од најконтроверзните скулпторски дела со својот спој на еротика но и идеализам несомнено и до ден- денес преставува една од најобожуваните дела во светот на уметноста.

Денес таа е изложена и може да се види во Париз во музејот Rodin.

 

The Kiss

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР