Со доаѓањето на сезоната на матури неизбежна е потрагата по комбинација со која матурантите ќе бидат впечатливи и уникатни, а сепак ќе го задржат младешкиот дух. Веќе трета година по ред, Bitsianiподготвува стилски водич за матуранти со кој сака да им даде идеи и да разреши некои од дилемите кога станува збор за облека за овој вид на прослава.

Како што е вообичаено за Bitsiani, комбинациите се колоритни и даваат свежа интерпретација на актуелните модни трендови. Силуетата ја следи линијата на телото, а бои кои доминираат се сината и бежовата, дополнети со потемни нијанси и поинтензивни тонови. Обувките се важен дел од секоја комбинација и тие ја дополнуваат приказната за младиот, модерен човек кој самоуверено ја носи облеката и наоѓа начин преку неа да го изрази својот сензибилитет. Модните додатоци како марамчиња, вратоврски, беџови и манжетни се неизбежни и можат да се комбинираат на безброј начини.

Во стилскиот водич, освен предлог комбинациите, матурантите  ќе може да најдат и корисни текстови за комбинирање на бои, врзување вратоврска, носење џебно марамче и сл.

stilski-vodic-za-maturanti-od-bitsiani-3.jpg

Фотосесијата за матурскиот водич е реализирана од страна на фотографите Ани и Дими со моделот Димитар Амски од агенцијата Моделс Ин, за шминказадолжен беше Дарко Мишовски, а за фризура салонот HairDo.

Водичот наскоро ќе биде достапен во продажните места на Bitsiani, во рамките на списанието Теа Модерна и на уште неколку соодветни локации низ градот

stilski-vodic-za-maturanti-od-bitsiani-4.jpg

stilski-vodic-za-maturanti-od-bitsiani-5.jpg

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТие не стареат: Christy Turlington и Eva Herzigova во априлскиот број на Vogue!
Следна објава“Pink Star” – може да биде најскапиот прстен со дијамант на светот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР