Дали некогаш сте го посетиле Galle во Шри Ланка? Доколку одговорот е не, тогаш топло ви го препорачуваме ова шармантно место.
Таму, многу култури оставиле свој белег – Холанѓани, Персијци, Кинези, Португаллци и Англичани, така да претставува огромна мешавина на култури и секој патник ќе пронајде нешто за себе. Патување низ времето, сигурно ќе ви го обезбеди хотелот Amangalla, благодарејќи на колонијалното опкружување.
Антиквитети, стари слики, бели постелнини и богати подови, парчиња на мебел од махагони и мноштви ситни детали, ќе направат вашиот престој да биде незаборавно искуство. А градините? Тие се приказна за себе. Таму ќе најде спокој секој, кој доаѓа од голем град.
За добар одмор не ви треба ништо повеќе. Само уживање во глетката.