Бајковитата куќа која била инспирација за голем дел од приказните и песните за детската книга „Вини Пу“ од неодамна беше ставена на продажба. Авторот А.А. Милн ја купил оваа куќа во 1924 за него, неговата жена Дороти и нивниот син Кристофер Робин. Токму на ова место Милн започнал да ги осмислува ликовите и приказните за мечето Вини Пу и неговото другарче Кристофер Робин, крстено по неговиот син.
Cotchford Farm се наоѓа во местото Ashdown Forest во Источен Сасекс. Сите места од книгата се базираат на вистински локални места од овој предел.
Куќата датира од 16 век и има три спрата. Оттогаш е реновирана и обновена, но не изгубила многу од оригиналниот шарм. Внатрешноста изобилува со изложени греди од дабово дрво и ентериер типичен за тој период. Надвор има базен, како и голема градина со јаболкници и летна кујничка. Цената изнесува 2,387,804 долари. Погледнете како изгледа во продолжение.