Британската консиерж компанија Quintessentially, моментално работи на прилично амбициозен проект , кој посебно ќе ги интересира милијаредерите.
Нивната најнова јахта која ќе го носи името Quintessentially One, ќе биде долга 220 метри. На неа ќе се одржуваат забави, а во исто време ќе ја игра улогата на хотел на вода, секако само за оние кои тоа можат да си го доизволат. Конструирањето на оваа јахта чини 300 милиони евра, така да можете дa бидете сигурни дека престојот на неа ќе биде исклучително скап.
Јахтата нуди спа центар, библиотеки и шопинг зони, така да на гостите сигурно нема да им биде досадно. Гостинскиот дел ќе биде креиран во стил на бутик хотели со 112 соби и приватни резиденции кои се достапни за изнајмување.
Дебитанското патување со оваа јахта се очекува за 2 години.