Со полна пареа се одвиваат последните подготовки пред овогодинешното, #воншаблон – ско издание на Fashion & Lifestyle Expo, кое и оваа година ќесеодржува во фоајето на Македонската опера и балет, од 29ти до 31ви март.
Програмата која изобилува со многу креативни и инспиративни презентации, работилници и настапиви е веќедобропозната, а оние кои ја пропуштиле можат да ја погледнат тука.

Пролетното расположениен е’ води кон нови промени, а овој тродневен настан ветува вистинско бегство од секојдневието и рутината.

Влезот за настанот во текот на тритедена и за сите презентациите и работилниците е бесплатен и отворен за сите посетители, а за презентациите и работилниците можете да се пријавите на овој линк.

Трите дена, програмата започнуваод 15 часот, вокатчињата – F&L Café, Main stage, Creative Hall. Активностите во Beauty Bar-от ќе започнуваат од 16 часот, а веќе од 17 часот посетителите ќе уживаат во одлична морска хранаво Food corner-от на Frutti di Mare.


Fashion & Lifestyle Expo ви нуди 360°одонашто го нарекуваме животен стил, па така, покрај бројните работилници, вкусната храна и одличните изложби во Галеријата, посетителите ќе уживаат и во извонредната музичка програма.

 

Во среда – 29ти март, музичката програма започнува во 20:00 часот, на изложбениот простор на Студио Теохаров со DJ Danny Begic, по што ќе следи пијано концерт на пијанистот Бобан Мирковски, во придружба на пијанистот Дино Имери и балетски перформанс на Студио “Балерина”.

Во 21:00 ARMARIUM ќе ја претстават последната колекција кошули – SEXY – WEAR IT DAILY, а крајот на првиот ден ќе го заокружи џез-бендот – Филип Стевановски.

Во четврток – 30ти март – музичката програма започнува со Krle DayOff @ StudioTeoharov во 19.30, по што следи авангарден арт-перформанс – Body Electric by Kovski.

Во 21:00 младата дизајнерка Јелена Станаревиќ ќе ја претстави новата колекција со невообичаен моден перформанс – J.DOE by NAN DEMO, а до крајот на вечерта ќе не забавуваат Supersonix.

Петок – 31ви март – подгответе се за едно нетипично опуштање по работните обврски. After-work забавата започнува во 17:15 часот со загревање со Pass-N-G-R (massiva music) @ Studio Teoharov. На забавата ќе имате можност да ги пробате премиум вината Private Reserve на Винарија Стоби и водката ABSOLUT, а настанот ќе го затворат Beta House со одлична музичка програма.

Одиме #воншаблон!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВеличенствена вила во Далас!
Следна објаваСаем за мебел | Југоекспорт Стил со каталози за попусти!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР