Етаблираниот бренд за мебел Југоекспорт стил ја продолжи и надгради традицијата на поранешниот реномиран бренд Југоекспорт. Југоекспорт Стил е основан во 1991 година во Македонија, со ексклузивен продажен простор во ГТЦ – Скопје, со површина од 420м2. Брендот има свој центар за мебел во Струмица 610 м2, како и во Илинден (наспорот хотел Белви) со 6.000м2. Југоекспорт Стил, одушевува со дизајнираниот мебел и модерните чисти линии, како и со италијанскиот мебел на кој никој не може да му оделее.

Понудата е голема – од мебел на парче, до трпезарии, кујни, дневни соби, спални и друго. Концептот и изборот на мебел е направен така, да го задоволи апсолутно сечиј вкус.

Југоекспорт Стил ја продолжи традицијата на фирма, која ги снабдува клиентите со квалитетен и модерен и мебел кој е по вкус на потрошувачите и со гарантиран квалитет.

Од 2002 година Југоекспорт Стил стана ко-сопственик во фирмата Мебел Трејд Виница со што ја прошири дејноста и во производствениот бизнис и извоз на македонски производи. Оваа компанија изработува мебел и обработува дрво за македонскиот, како и за европскиот пазар по барањата на потрошувачите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПролетта доаѓа со петнаесеттата сезона на Моден викенд Скопје
Следна објаваШто велите за дрвена када во купатилото?
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР