Ви ги претставуваме 10-те најскапи автомобили на денешнината!

1. Maybach Exelero – 8 милиони долари

Најскапиот автомобил на светот, поим за германски луксуз, кој не се произведува сериски. Станува збор за прототип кој е произведен само во еден примерок. Како “глумец “се појавува во музичкиот спот на Jay-Z, во песната “Lost One”. Се шушка дека раперот Birdman планира да го купи.

2. Koenigsegg CCXR Trevita – 4,85 милиони долари

Најскап автомобил произведен последниве години. Како посебна едиција на шведскиот производител на хиперавтомобили, каросеријата на CCXR Trevita е од специјални влакна со дијамантски финиш. Автомобилот е толку брз, што не можете да го забележите ако помине покрај вас на автопат.

3. Lamborghini Sesto Elemento – 2,2 милиони долари

Sesto Elemento уште не стигнат на пат, а веќе сите 20 модели се продадени. Се проценува дека спринтот од 0-100 стига за 2,5 секунди. Располага со 570 KS. Интересно е дека не е баш секаде легален за јавен промет.

4. Pagani Zonda Cinque Roadster – 1,85 милион долари

Италијанскиот производител  на ексклузивна егзотика, Pagani, исто така издаде специјална едиција на roadster под името Cinque. Содржи титан за да се зголеми отпорноста и крутоста, а намали масата. Произведени се само 5 примероци од овој автомобил и тоа е последната сериска верзија на Zondа.

5. Aston Martin One-77- 1,85 милион долари

Британскиот производител на супер автомобили произведе само 77 примероци од овој модел. Каросеријата е направена од алуминиум и тоа рачно. Максималната брзина му е 355 km/h, a спринтот до 100 km/h го постигнува за 3,4 секунди. Само среќниците можеле да го видат овој автомобил во акција.

6. Maybach Landaulet – 1,4 милион долари

Автомобил кој е направен луксузно. Станува збор за најскап автомобил со 4 врати. Опремен е со разноразни хедонистички компоненти, а задниот дел слободно може да се нарече луксузен апартман, кој физички може потполно да се одвои од возачот, со кој комуницира преку интерфон.

7. Ferrari LaFerrari – 1,3 милион долари

Најсилниот Ferrari располага со 949 KS и хибриден погонски систем со KERS. Се проценува дека може да постигне 370 km/h. Интересно е што овој Ferrari, сем што е најснажен Ferrari било кога произведен, троши многу помалку гориво од послабите модели на овој бренд. Лансирана е серија од 499 примероци.

8. McLaren P1 – 1,15 милион долари

Иако е нешто послаб од  V12 LaFerrari, хибридната моќ на McLaren P1 е за респект. Дури 903 KS генерирани се од 3.8-литрен twin-turbo V8 мотор, кој со асистенција на електроединиците може да достигне брзина од  350 km/h.

9. Porsche 918 Spyder – 845.000 долари

Со германска перфекција, страховито брз, може да се вброи во групата на автомобили под името “eco friendly”. Исклучително малку троши, со многу мала емисија на CO2, за автомобил со такви перформанси.  Максималната брзина чисто на струја му е дури 350 km/h, а спринтот до “стотка”за 2,8 секунди.

10. Leblanc Mirabeau – 765.000 долари

Иако најефтин на оваа листа, Leblanc Mirabeau е сериозен суперавтомобил. Користи  4.7-литарен V8 со 700 KS и достигнува брзина од 370 km/h. Ова е прав болид во јавниот промет.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубави пролетни фустани и главните модни трендови!
Следна објаваЗошто Швајцарија ја понесе титулата за најдобра држава на свет за 2017 година?
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР