Деловно забавна викенд програма за сите млади претприемачи
На бизнис викендот во Јавна соба, “Дизајн што продава“ од 17. до 19. март најавени се искусни регионални експерти кои имаат да споделат драгоцени искуства со производителите и младите претприемачи во Македонија.

Овој бизнис викенд е интервенција на Јавна соба во поглед на поттикнување на младите претприемачи во Македонија и стумуланс за дизајн секторот. “Намален е бројот на нови дизајни, намален е бројот на новоформирани дизајн студија, младите се сè понеодлучни да инвестираат во себе, својата креативност и знаење. Но како е можно еден млад претприемач да не верува во своите способности!? Не смее да дозволиме само производните капацитетити и администацијата да бидат перципирани како активни работодавци. Постои огромна дупка на пазарот, домашен и регионален, а нема кој да ја покрие со производи. Навистина е жално што не го користиме моментот кога сме опкружени со голем број на исплатливи ресурси, достапна технологија и ниска цена на труд, а сето тоа зачинето со иновација, време, труд и минимални средства може да донесе огромен бенефит “, вели Александар Велиновски основач на дизајн центарот Јавна соба и Неделата на дизајн во Скопје.

Програмата за бизнис викендот во Јавна соба е предизвик да се слушне и научи, да се разменат искуства и добие конструктивна критика за работењето и позиционираноста на младите брендови. Предавањата на сите четири експерти се закажани за сабота 18.март со почеток од 11:00 до 18:00ч. Истите се отворени за јавноста и се бесплатни, но регистрацијата е задолжителна за сите посетители. Бесплатните карти можат да се обезбедат на https://www.facebook.com/events/289354224815258/?active_tab=about

Заинтересираните можат да закажат и тет а тет средба, односно индивидуално советување во времетаење од 1 час со еден или повеќе експерти. Оваа програмска активност не се наплатува.

Дизајн што продава нуди и забавна програма, промоција на македонски вина од мали винарии од тиквешкиот регион со почеток во 17:00ч во петок, џез трио во состав Дарко Стојоски, Горан Попоски и Марко Василевски со почеток во 21:30.
Посетителите можат за прв пат да дизајнираат своја порција на храна (тестенини на 100 начини) во новата отворена кујна на кат во “Slava Room” во Јавна соба во текот на целиот ден во сабота. Во вечерните часови настапува музичката група “Lady Blue”. Влезот е слободен за сите програмски активности.

Дизајн што продава е во организација на Јавна соба и Grow Up Academy и е поддржан од Swiss Contact.
Симон Мораси Пиперчиќ – дизајнер

ПОРАКА ЗА УЧЕСНИЦИТЕ НА ДИЗАЈН ШТО ПРОДАВА

Предавање број 1: Како да создадете свој бренд, како да го организирате и водите производството и на крај, како да го пласирате својот производ на пазарот ~

Posted by Public Room on Wednesday, 1 March 2017

Симон Мораси Пиперчиќ доаѓа од Загреб. Неговото студио работи на различни проекти од областа на индустриски дизајн; внатрешно уредување и инасталациии; уметничко и стратешко советување. За својата работа има освоено едни од светски најпрестижните награди за дизајн: German Design Award 2017, Red Dot 2013 и 2015, Interior Innovation Award 2015 година. Дизајните на Симон Мораси Пиперчиќ се објавувани во познати списанија како Dezeen, Domus, Frame, Designboom и изложувани се на саеми и недели за дизајн ширум светот.
Стол – Симон Мораси Пеперчиќ
Станува збор за еден од најнаградуваните дизајнери на производ од регионот. Симон, заедно со Никола Радељковиќ и Зоран Једрејчиќ, се единствените кои имаат работено за светски ознати бреднсови ( B&B, Morosso, Protoria, 3M, Ettore Sottas, Dada Cucine, Fratelli).

За време на бизнис викендот во Јавна соба, Симон ќе сподели искуства како да се соработува со производни компании од регионот, но и ќе обелодени кој е патот доколку се одлучите за сопстевен бренд. Неговата презентација е корисна подеднакво за мебел производителите и за самостојни дизајнерите од Макеоднија.
Маја Лалиќ – директор и основач на Миксер во Белград
ПОРАКА ЗА УЧЕСНИЦИТЕ НА ДИЗАЈН ШТО ПРОДАВА https://www.facebook.com/publicroomskopje/videos/o.289354224815258/1933122063573258/?type=2&theater


Маја Лалиќ е иницијатор и ко-основач на:  Мултидисциплинарниот фестивал Mikser, мултидисциплинарниот креативен простор “Mikser House” дизајниран да развие одржливост на културниот и креативниот сектор, “Young Balkan Designers” – регионална платформа за развој на млади таленти од областа на индустрискиот дизајн, регионалната дизајн мрежа “Balkan Design Network”, интернационалната иницијатива “Blue Green Dream” посветена на одржлив урбан развој на современите градови, “Refugee Aid Miksaliste” кое е наградено со “European Citizenship Award 2016” за “Social Campaign of the Year” кое силно го застапува социјалното влијание на иницијативите oд областа на дизајн и култура на локалното население, Women Architects Assosiation во Србија. Маја е активен архитект во нејзиното студио Remiks и добитник на неколку награди за архитектура: “Salon of Architecture in Belgrade”,” Lucille Smyser Lowenfish Memorial Prize”, “Kinne Fellows Memorial Prize”. Член е на “Mensa International” и “Association of American Architects AI”.
Маја Лалиќ, многумина ја нарекуваат мајката на современата дизајн сцена, во Скопје ќе претстави неколку практични примери на успешни и неуспешни соработки, односно како е да се работи под свој бренд за големи компании и кои се грешките што редовно ги прават младите дизајн брендови од регионот.

Салон на Србија Телеком, Белград – проект на Маја Лалиќ

Мак Капетановиќ – експерт за комуникација
ПОРАКА ЗА УЧЕСНИЦИТЕ НА ДИЗАЈН ШТО ПРОДАВА https://www.facebook.com/publicroomskopje/videos/o.289354224815258/1932615246957273/?type=2&theater


Мак Капетановиќ советник за комуникација и политички односи во холандската амбасада во Сараево, во која работи како консултант за стратешка комуникација и брендирање. Студиите по комуникологија ги завршува во Холандија каде подоцна работи како продуцент и извршен директор на филмскиот фестивал „Eastern Neighbours“ во Хаг. Од 2012 година живее во Сараево каде ја води и организацијата „Public Room Sarajevo“
Мак Капетановиќ во Јавна соба ќе го претстави концептот за градење на стратегија за продажба на пазар. Без стратегија нема продажба и тоа е многу јасно. Стратегијата се состои од темелно проучување на пазарот и правилно тергетирање во поглед на целни групи. Не навлегувајќи во образованието на секој поединец кој ќе се појави на бизнис викендот од 17. – 19. март во Јавна соба, Капетановиќ ќе сподели пар практчни трикови како да изготвите реалистична и успешна стратегија и да ја зголемите вашата продажба и да опстанете на пазарот.

Ивица Пениќ – меркетинг експерт ( специјалност онлајн промоција и продажба)

ПОРАКА ЗА УЧЕСНИЦИТЕ НА ДИЗАЈН ШТО ПРОДАВА
https://www.youtube.com/watch?v=c0U7OmtyH60
Ивица Пенич е бизнис консултант, тренер и ментор за продажба со повеќе од 17 години искуство во маркетинг и продажба за претприемачи. Неговата главна цел е да обезбеди знаење и вештини во областа на маркетинг и продажба на младите компании кои сакаат да се стекнат со повеќе од просечен животен стил преку ефикасна промоција и продажба.

За време на Дизајн што продава во Јавна соба, Ивица ќе сподели неколку практични примери од областа на “online”, креирање на свесност за постоење на вашиот бренд, успешно таргетирање преку социјални мрежи како најисплатлива алатка во овој момент.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛуксузен пентхаус со панорамски поглед на Париз!
Следна објаваНевидливиот град – Џанлука Васало
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР