Париз е еден од најубавите градови на свет, доколку не верувате во тоа, погледнете ги фотиграфиите , едноставно, морате да го видите во живо. Погледот на париската архитектура и на специфичните париски кровови ќе ве воодушеват веднаш, а совршен поглед на Париз би бил панорамскиот, од раскошна тераса. Токму таков еден стан, моментално се продава во Париз.

Овој стан се продава за $1,146,000, а се работи за париски пентхаус кој е прогласен за еден од најдобрите простори за живот во EU, по изборот на “Royal Institute of British Architects”. Беше номиниран и за  Stirling наградата за архитектура, заради спокојниот и унитарен амбиент кој го пружа, за што е заслужен Mark Guard.

Се работи за еднособен стан без преградeни sидови и со мноштво простори за чување домашни предмети. Се наоѓа плизу Place Monge и rue Mouffetard, на кровот на Art Deco зграда, во познатиот париски Латински кварт. Станот се отвора кон приватната тераса, со панорамскиот поглед на парискиот 5-ти арондисман.

Вака се живее во еден од најромантичните градови на светот……:)

Ovo je uistinu pariški penthouse iz snova

СПОДЕЛИ
Претходна објава10 идеи за боење и декорирање на велигденските јајца!
Следна објаваЗапочна “ДИЗАЈН ШТО ПРОДАВА” во Јавна Соба
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР