Уменичко-креативниот проект Polimind, кој настана во Лисабон е под водство на креативците и архитектите  Душан Цветковиќ и  Andreiе Cabanas. Нивната страст и љубов кон архитектурата, концептуалната уметност, 3D моделите и декорација на ентериери, допринесе за создавање на визија за трансформации на енtериерот низ целиот свет, со помош на DIY хартиени модели.

Дизајнерите на Polimind, дознаа дека декорацијата на енериерот и празните sидови претставуваат одреден вид на предизвик, за голем број луѓе. Не е лесно да се пронајде права декорација која создава посебно чувство на пријатност и комфор. Токму со Polimind креативните хартиени модели, секој може да го преуреди својот дневен простор и да го оживее на посебен начин.

Овие едноставни предмети можат да се составуваат во различни величини според дизајнот и функцијата, како и со голем избор на бои. Изработени се од висококвалитетна издржлива хартија и се идеални за секој, кој сака својот дом да го направи пријатен и интересен.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНенадминат луксузeн приватен остров коj изгледа како рај!
Следна објаваНаправете сами плетена нараквица!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР