Само Karl Lagerfeld може да ја прати својата ревија на патување во космосот! Затоа што токму така изгледа модната ревија на Chanel за колекцијата есен/зима 17/18, како патување низ космосот. Најсјајната sвезда на модниот свет Karl Lagerfeld, на спектакуларен начин ја прикажа последната колекција на оваа луксузна модна куќа.

Модната ревија се одржа во ексклузивно дизајнираниот космички простор во Grand Palais. Chanel, уште еднаш ги помести границите над хоризонтот, поставувајќи ракета со вистинска величина на сред модната писта.

Футуристичкиот сет инспириран од галаксиите, ги интересираше и многу познати лица кои се најдоа во првиот ред: Anna Wintour, Pharrell Williams, Cara Delevingne, Lily-Rose Depp и многу други. 

Инспирирана од космосот, колекцијата за есен/зима, се состои од сјајни фустани, сребрен одсјај и астронаутски принтеви. Материјалите изгледаат како да се дојдени од космосот, а дел од парчињата се украсени со монисти, мотиви со планети и металик ефекти. Колекцијата ги нагласува црната, сребрената, сивата, белата и еклектично црвената и виолетова боја.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВи предлагаме топ 3 дестинации за патување оваа пролет!
Следна објаваКуќа со необичен поглед кон светот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР