Со коментар дека изборот е сосредочен на дело коешто „претставува книжевно остварување кое се издвојува според својот особен стил, дело кое е изведено во духот на едно ново писмо“, денес во Јавна соба беше прогласен добитникот на Роман на годината – награда која традиционално ја доделува Утрински весник. Станува збор за „Собирачи на пепел“ на младиот Давор Стојановски, кој на јавноста ѝ е познат по неговиот прв роман „Ненасловена месечева соната“.

Во конкуренција од други квалитетни 28 дела, вториот роман на Стојановски е објавен како 140-то издание од едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ и денес (среда, на 15 март) истиот ќе биде промовиран во МКЦ, со почеток од 20 часот.

Давор Стојановски (1987, Скопје) е писател, поет, преведувач и музичар. Магистрира на Филолошкиот факултет во Скопје. Неговите дела се застапени во домашни и во странски антологии. Неговиот дебитантски роман „Ненасловена месечева соната“ (2013, Или-Или) влезе во потесниот круг за наградата Роман на годината на „Утрински Весник“. За својот втор роман, Давор вели:

„Овој човек останува на еден начин на едно место, меѓутоа има повеќе домови и повеќе припадности. Не постои еден дом. Постојат повеќе домови.“

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДИЗАЈН ШТО ПРОДАВА – бизнис викенд во Јавна соба
Следна објаваКралски третман при патување
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР