Скопје има ново место каде ќе ја прославите љубовна бајка и вашата свадба!

Стапувањето во брак е започнување на ново поглавје во животот, нов заеднички почеток, а секој нов почеток треба да се прослави, со радост и среќа со најблиските.

Во Скопје има нов простор совршен за вашата бајка, совршен за вашата свадбена прослава. Ресторанот „Аликас“ зад чие значење стои зборот „извор“, е местото каде извира вашата љубов и слога…вашата среќа.

Алликас е ресторан кој се наоѓа на 5 километри од центарот на Скопје, во пријатна и тивка околина. Се протега на голема зелена површина, каде ресторанскиот дел изнесува 600 м2, со капацитет од 250 до 400 гости.

На зеленилото е превидено да се прават свадби и прослави под отворено небо, нудејќи посебно доживување во топлите летни вечери под звезденото небо.  Во ресторанот исто така е организирано одржување на матично во романтична атмосфера, со вашите најблиски роднини и пријатели. 

Создаден по сите светски стандарди да ги задоволи сите потреби на гостите, ресторанот обезбедува паркинг- места за 100 возила, со постојан видео-надзор, како и игротека за најмалите гости.

   Салата за свечености е предвидена за летни и зимски свадби. Во летниот период се отвараат вратите и се прилагодуваат за топлите летни денови, а во зима е затворена со стаклена фасада, нудејќи необичен и елегантен амбиент.

Просторот е опремен со посебна технологија за одржување на температурата, па така истиот е пријатен во било кое годишно време, преку подното ладење и греење.

 Елегантен и модерен амбиент, создаден по сите светски стандари со цел вашата свадбена прослава да биде една бајковита приказна која сите ќе ја паметат. 

Тимот на Алликас е тука да се погрижи да имате совршен ден, нудејќи гратис услуги како професионално осветлување и украсување, сликање и снимање, организирање на матично во елегантниот двор на ресторанот, како и хостеси за пречек на вашите гости.  На вас останува само да уживате среќни, на вашиот незаборавен ден.

Повеќе информации на:

Веб: http://www.allikas.mk/

Фејсбук: https://www.facebook.com/allikasmk/

Инстаграм: https://www.instagram.com/allikas_skopje/

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубави четки за шминка со металик опашка на сирена!
Следна објаваФантастичен стан со поглед на Мадрид!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ