Скоро секоја девојка сонува за долга, здрава и сјајна коса како во рекламите!

Но, девојките најчесто го сонуваат тој сон по неуспешно кратење на косата. Како косата да ви порсне побргу, без продолжетоци, чудни шампони и народни маски со некомпатибилни состојки?

Во просек, косата расте околу 2 мм неделно. Така да, не верувајте доколку некој ви вети раст на коса 5 см месечно. Тоа не е можно. Такви волшебни средства се уште не постојат. Жал ни е.

Ние имаме еден предлог за вас – додадете во исхраната намирници кои го стимулираат растот на косата.

За да биде косата здрава и силна – и требаат големо количество на витамините A и C, кои се неопходни на органите да произведат доволно количество на лој кој служи како регенераатор на косата. Спанаќот, брокули,тиквиците, зељето се вистински пријатели на вашата идна луксузна коса.

Лосос и други масни риби, содржат многу вистамини, протеини, минерали и масни киселини како omega-3, кои го стимулураат растот на косата.

Лененото масло одличен извор на масни киселини.

Жолтата пиперка има пет пати повеќе витамин C отколку ви портокалот.Сончогледот е богат со витаминот E, кој го зголемува протокот на крвта во кожата на главата и со тоа допринесува за побрзо растење на влакната.Една шоља бадеми, содржи скоро една третина од дневните потреби на биотин.Авокадото е полно со витамини и минерали. Заради големата содржина на масни киселини, плодот е многу добар за кожата на главата и стимулирање раст на косата.Интегрални житарки, содржат големо количестви на цинк заедно со железо и витамин B.
Остриги – за да го спрчите губењето на косата, неопходен е цинкот. Остригите содржат големо количество на цинк. Змислете, само 30 грама остриги дневно е доволно за да ги подмирите дневните потреби за цинкот.Јајца – протеините од јајцата можат да ја блокираат апсорпцијата на телесниот биотин. Затоа е потребно да се одвојат жолчката и белката.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовиот Generator Hostel е исполнување на сонот на сите патници!
Следна објава10 пролетни модели кои можете да ги носите од сега!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР