Оваа ултра модерна куќа на која се воодушевуваме, се наоѓа во Rankweil Brederis, Австрија. Хибридната станбена скулптура е дело на австриското архитектонско студио Marte.Marte, која со својот изглед ги преминува границите на секојдневната градежна пракса.

Проектот Bathhouse е еднокатна структура, со комплексна бетонска внатрешност, која варира од херметичка до транспарентна, повремено разделувајќи и истовремено поврзувајќи ги надворешниот и внатрешниот простор.

На приземјето превладува поинаква атмосфера. Просториите се прецизно обликувани и убаво осветлени. Во сауната и другите околни простори – крем белиот сјај на епосидните премази го одвојува просторот. Во рацете на дизјанерот, бетонот е обликуван во скулптура во која се живее  и која добива на својот израз, багодарејќи на напнатоста помеѓу бетонските школки: комплексни ,прецизни, цврсти и во самата срж, припитомената вода.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако посвежо и подолго да трае цвеќето во вазна!
Следна објава4 работи од вашата кујна штетни за природната средина!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР